МИМ во соработка со Пристоп Комуникации, Пристоп МК, во периодот од 31 октомври до 14 ноември 2004 беше домаќин на студиско патување за четворица ТВ продуценти од најголемите медиуми и продукциски куќи во Ерменија. Гостите од Ерменија имаа можност да се запознаат со македонските искуства во областа на изработувње на ТВ реклами преку разновидни предавања, практична работа и посети на маркетинг агенции и ТВ студија во Скопје и Битола.. Повеќе
Македонскиот институт за медиуми и Советот за Корпоративно управување, од 29 ноември до 4 декември 2004 година, организираа новинарска обука „Основи на бизнис и економско известување“ за новинари од редакциите низ Македонија. Обуката која се одржа во просториите на хотелот Континентал и МИМ беше комбинација од практична и теоретска настава, а беше фокусирана на техниките за известување за бизнис и економски теми. Повеќе
Од 2 до 4 септември 2004 год. во соработка со Институтот за Медиумски Различности од Лондон, МИМ организираше работилница на тема односи со медиумите за претставници на ромските невладини организации.
Во рамките на проектот беше преведен и издаден прирачникот “Односи со медиумите” наменет за Роми, кој беше дистрибуиран до ромските невладини организации, институции и медиуми. Повеќе
Од 27 септември до 15 октомври 2004 год.во просториите на Македонскиот Институт за Медиуми се оддржа тринеделна новинарска обука за новинари од редкциите на Албанси јазик. На обуката која бече организирана во соработка со Канцеларијата за односи со јавност на Американската амбасада во Скопје, учествуваа 40 млади новинари. Учесниците на тренингот учеа како да пронајдат и препознаат информација вредна за објавување, техниките на пишување на новинарска сторија, интервјуирање, како и пишување на вест следејќи ги основните новинарски прашања. Повеќе
Македонскиот институт за медиуми во мај 2004 организираше обуки за локалните ТВ дописници и радиодописници од медиумите во Македонија. Повеќе
МИМ во соработка со Американската амбасада во Македонија од 10 до 14 мај организираше обука за новинари-почетници на тема “Известивање наспроти коментирање” Обуката меѓу другото содржеше серија на интерактивни вежби и се фокусираше на разликите меѓу известувањето и новинарскиот коментар, како и начините да се избегне коментирањето и изнесувањето на субјективните новинарски ставови тогаш кога треба да се известува за одреден настан Повеќе
Во периодот 2002-2005 МИМ оствари успешна соработка со Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Проектот имаше за цел да го подобри корпоративното управување и имплементацијата на новиот закон за трговски друштва кој стапи на сила на 1 јули 2003 год. За времетраењето на проектот МИМ и ПКУЗТД организираа голем број на работилници во Скопје и други градови во Македонија за новинари кои покриваат економски теми. Повеќе
Во рамките на мрежата за професионализација не медиумите во Југоисточна Европа, беше спроведен проектот “Медиумската сопственост и нејзиното влијание врз независноста на медиумите и плурализмот”. Проектот опфати 18 земји од Југоисточна Европа како и земји од Централна и Источна Европа кои се членки на ЕУ. Проектот имаше за цел да ја испита и процени ситуацијата на медиумската споственост во овие земји, фокусирајќи се на регулативите и механизмите за нивна имплементација приватизацијата на државните медиуми, сопственичката структура на поголемите медиуми и влијанието на медиуската споственост врз плурализмот во медиумите.
Македонскиот Институт за Медиуми учествуваше во проектот како партнер на СЕЕНПМ. Како дел од активностите беше издадена книгата “Медиумската сопственост и нејзиното влијание врз независноста на медиумите и плурализмот” и беше организирана тркалезна маса на истата тема на 6 јули 2004 година. Повеќе
На 27ми и 28ми февруари 2004 година во Скопје, во хотелот Холидеј ин, Македонскиот институт за медиуми беше домаќин на Генералното собрание на СЕЕНПМ (Мрежата за професионализација на медиумите во југоисточна Европа). Повеќе
Едногодишната школа за новинарство (ЕШН) е проект за создавање практично новинарско образование кое ќе придонесе за подобрување на професионалните стандарди и етички вредности во медиумите во Македонија. ЕШН промовира нов современ начин на образование, кој го практикуваат најпознатите факултети за новинарство и специјализирани новинарски школи од Европа и од Америка.
Во академската 2004/2005 година беа запишани 24 студенти, кои ќе ја сочинуваат првата генерација на Едногодишната школа за новинарство. Наставата, поделена на два семестра, почна на крајот на август и ќе трае до јуни 2005 година. Повеќе
На 24 март 2004 година во хотелот ?Холидеј ин? во Скопје беа доделени наградите за ?Најдобра истражувачка сторија – 2003?.
Почнувајќи од 2001 год. МИМ ја доделува новинарската награда за најдобра истражувачка сторија на годината. Во текот изминативе години оваа награда прерасна во едно од најпрестижните новинарски признанија во македонската медиумска заедница. МИМ основаше и фонд за поддршка на истражувачкото новинарство, така што секоја година поддржува околу 10 млади новинари и нивните идеи за истражувачки стории. Повеќе