Проекти од 2005 година

Обуки


Обука за предавачи

Од 28 до 30 март во просториите на Македонскиот институт за медиуми се одржа обука за млади предавачи. На обуката која ја водеше Зоран Бојаровски присуствуваа седуммина млади, но веќе реномирани новинари од медиумите во Македонија. Во текот на овие три дена ги изучуваа вештините и техниките како подобро да го пренесат своето знаење и искуство и како да станат добри предавачи. Оваа обука е дел од иницијативата на Македонскиот институт за медиуми за создавање на обучувачи кои ќе се вклучат во идните активности на МИМ, а особено во работата на ЕШН.

Работилници, конференции, тркалезни маси


Тркалезна маса “Телевизијата ширум Европа: прописи, политика и независност?

На 17 јануари 2005 год. Македонскиот Институт за Медиуми и програмата ЕУМАП на Институтот Отворено Општество од Будимпешта ја организираа трклаезната маса ?Телевизијата низ Европа: прописис, политика и независност?. Тркалезната маса имаше за цел да го презентира нацрт извештајот за состојбата во јавниот ТВ сервис и комерцијалните ТВ станици во Македонија, како дел од проектот на Програмата за мониторинг која работи во рамките на Институтот Отворено општество од Будимпешта.

Мониторингот беше извршен во 20 земји, вклучувајќи ја и Македонија, а крајна цел е издавање на публикација во која ќе бидат истакнати најважните заклучоци и сугестии од мониторинзите од секоја дражава. Повеќе

Новинарска работилница: “Царинската управа на Р.М. во приблчижувањето кон ЕУ интеграциите”

На 28 и 29 јануари 2005 во Охрид, Македонскиот институт за медиуми ја организираше новинарската работилница за приближувањето на Царинската управа кон ЕУ. На работилницата учествуваа 20 новинари од редакциите низ државава, кои ја следат работата на Царинската управа. Повеќе

Работилница со предавачите на ЕШН

На 31 март во просториите на Македонскиот институт за медиуми се одржа еднодневна работилница на која присуствуваа предавачите на ЕШН. Работилницата на тема „Евалуација на првата генерација на Едногодишната школа за новинарство“ ја водеше Ерик Фарман професор во Данската школа за новинарство во Архус, Данска. Во рамките на работилницата се одржа и сесија: Подготвки за втората генерација на Едногодишната школа за новинарство.

Издаваштво


Прирачници “Пишување за печатени медиуми” и “Пишување за електронски медиуми”

Во средината на март, 2003 година Македонскиот институт за медиуми (МИМ) ги издаде првите две изданија на едицијата МИМ Школа – ?Пишување за печатени медуми? и ?Пишување за електронски медиуми?.

Автори на ?Пишување за печатени медуми? и ?Пишување за електронски медиуми? се тренери – предавачи на МИМ, искусни и реномирани новинари и уредници во македонската медиумска заедница, кои учествуваат во работата на ЕШН. Повеќе

Новинарска награда


Најдбра истражувачка сторија – 2004

На 11 март, 2005 година, во Клубот на пратеници во Скопје, беа доделени наградите за „Најдобра истражувачка сторија – 2004“. Оваа награда Македонскиот инстутут за медиуми традиционално ја доделува веќе четврта година по ред, со цел да го поттикне и промовира истражувачкото новинарство во Македонија. Повеќе

Напишете коментар