Оваа програма МИМ ја имплементира од 2005 година. Активностите ќе завршат во 2008 г. Институтот е задолжен во делот на проектот кој е насочен кон зајакнување на капацитетите на невладините организации професионално да комуниницираат со медиумите и со јавноста, како и промоција на активностите на проектот во јавноста. Во периодот до јуни, 2007 г. ќе продолжи продукцијата и емитувањето на тв и радио магазинот„Нашиот круг“, што го подготвуваат студентите од третата генерација на ЕШН и обработува теми од граѓанското општество. Продукцијата на овој магазин ќе продолжи до крајот на 2007 година. Во текот на 2007 година ќе продолжат консултациите што МИМ им ги испорачува на невладините организации кои се вклучени во Проектот, со цел поголемо запознавање на новинарите и на граѓаните со активностите на овие организации и поголема промоција на нивните активности. Во март ќе почне доделувањето грантови кои се наменети за финансирање на промотивни активности на невладините организации вклучени во проектот. Сите активности од овој проект се финанасирани од страна на Институтот за трајни заедници(ИТЗ) и УСАИД.
Втората генерација на Програмата за едукација на новинари-Роми која има цел да ги подготви студентите да работат како новинари во главните( меинстреам) медиуми ќе трае до август, 2007 г. Во периодот јануари-јуни, 2007 ќе се имплементира вториот семестар од оваа програма, во кој најголем дел се однесува на целодневната пракса која трае од 12 февруари до 12 август, 2007. Студентите се ангажирани како новинари-практиканти во следните медиуми: Дневник, МИА , Шпиц, Време , Канал 5, А1 и во Радио Слободна Европа. Според досегашните резултати, речиси половина од студентите од првата генерација добија новинарски ангажман по завршувањето на оваа програма и тоа во влијателни медиуми , како што е А1ТВ, Канал 5ТВ, МТВ. Според досегашните согледувања, дел од студентите во втората генерација покажуваат солидни резултати во редакциите кадешто се на пракса, па и очекувањата на МИМ се дека постојат основи за нивен сериозен ангажман во овие редакции по завршувањето на програмата. Но, според сознанијата добиени од главните уредници од овие медиуми, трендот на интегрирање на ромски студенти-новинари во највлијателните медиуми, кои најчесто се на македонски јазик, мора да се регулира пред се поради ограничената апсорбциона моќ на овие медиуми за зголемување на бројот на новинари. Од друга страна, се понагласена е потребата од едукација на новинари-Албанци на нивниот мајчин јазик, што всушност се потврдува и преку искуството со студентите –Албанци во ЕШН. Во согласност со одлуката што ќе ја донесе Управниот одбор на МИМ ќе се одлучи дали ќе се продолжи со програма за новинари-Роми, или фокусот ќе биде поставен на млади, талентирани Албанци кои сакаат да се едуцираат да станат професионални новинари.
Активностите од овој проект, кој започна во септемеври, 2006 г. продолжуваат и во 2007 и ќе траат до јуни. Најголем дел од обуките за завршени, а преостанува да се организира заедничка конференција за сите учесници во проектот, вклучувајќи ги и медиумите и јавната администрација. Оваа конференција ќе се организира во текот на април.
Овој проект е поднесен за финансирање до Британската амбасада, а одлуката за финансирање ќе биде доенсена во текот на март, оваа година. Проектот го поднесоа МИМ и Комисијата за слободен пристап до информациите од јавен карактер на Р.М. Со него се предвидува организирање на серија обуки за носителите на јавни информации, кои се определуваат согласно Законот за јавни информации, како и организирање јавна кампања за информирање на граѓаните околу можностите што ги нуди овој закон. Предвидено е проектот да трае од септември-2007 до септември-2009 година.
Целта на оваа продукција е да ја зголеми информираноста на граѓаните и на стручната јавноста во врска со неадекватната здравствена заштита што ја добиваат Ромите во Македонија, и на тој начин да се лобира за преземање на конкретни чекори за подобрување на здравствениот третман и услуги кон Ромите. Предвидена е продукција на 2 Тв емисии, секоја во траење од 30-45 минути, и на 4 стории кои ќе бидат објавени во печатените медиуми. Автори на материјалот ќе бидат студентите од втората генерација на Програмата за едукација на новинари-Роми и нивни поискусни колеги-новинари од редакциите кадешто се на пракса.
Предвидено е оваа активност, која трае веќе 2 години, да продолжи и во текот на 2007 година. Како и досега, МИМ ќе биде задолжен за техничките аспекти на организација, снимање и пост-продукција на ова интервју.
Традиционалното доделување на најдобрите истражувачки стории на годината по седми пат ќе се организира во март, 2008, кога ќе бидат доделени наградите за 2007 година. Во текот на 2007 година, наместо досегашната пракса на организирање поддршка за процесот на истражување на предлог-темите доставени на конкурсот за поддршка на истражувачки стории, се размислува за воспоставување соработка со Данскиот центар за истражувачко новинарство-СКООП. Деталите ќе бидат утврдени во текот на првата половина од 2007г.
Како и секоја година, и во 2007 , годишната конференција е планирано да се одржи кон крајот на годината. Темите за дискусија ќе бидат утврдени дополнително.