Основната цел на истражувањето е да се утврди како во новите општествено-политички услови из-вестуваат осум телевизии во Македонија (најгледаните 5 терестријални и една кабелска, како и двата канала на јавниот сервис) од аспект на различноста во тематската и во жанровската застапеност, нови-нарската ангажираност, застапеноста на различни актери и географската покриеност. Намерата е да се утврди како функционираат јавните гласила во актуелните околности и колку се трудат да му служат на јавниот интерес за поквалитетно и посеопфатно информирање на граѓаните.
Анализата е достапна во прилог.
Анализа: Разноликост во известувањето на централните информативни изданија2.48 MB