Речиси 20 години се вложуваат многу напори и ресурси во развојот на капацитетите на новинарите во Југоисточна Европа. Резултатите сè уште се далеку од задоволителни и новите случувања во медиумскиот сектор и во светот, на еден начин ги прават овие напори очигледно недоволни.
Проектот „Партнерство на ЈИЕ за развој на медиумите“ го истражува начинот на кој земјите во регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија) се подготвени да се справат со овие нови предизвици. Студијата беше спроведена во петте земји од март 2016 година до февруари 2017 година, и истата беше дискутирана во рамките на Регионалната конференција за „Медиумска писменост и образовни потреби на новинарите и јавноста“, која се одржа во Скопје, на 28 и 29 март 2017 година.
Препораките и согледувањата од дводневната конференција се прикачени во прилог.