Албани асошиејтс, заедно со медиумски организации од регионот, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми, креираше апликација која овозможува во неколку чекори да се идентификуваат дезинформациите, мисинформациите и штетните информации во земјите од Западен Балкан, со користење он-лајн алатки. Апликацијата е особено корисна за новинарите кои се соочуваат со сомнителни содржини во секојдневната работа.
Апликацијата е резултат на блиска соработка со регионалната мрежа на независни медиумски организации, со поддршка од Британската Влада. Регионалната мрежа ја предводи Медиацентар Сараево, а во неа учествуваа: Албанскиот медиумски институт, Косовалајф, Македонскиот институт за медиуми, Црногорскиот медиумски институт и Новосадската школа за новинарство.
За да ја преземете апликацијата на мобилен телефон или на компјутер потребна ви е интернет врска, а потоа можете да ја користите апликацијата дури и кога немате интернет врска. Апликацијата е достапна на албански, босански, црногорски, македонски и српски јазик, и може да ја преземете на следниот начин:
- Симнете ја апликацијата „Прирачник за дезинформации“ од „App Store“, од„ Google Play“, или пак од веб-страницата: disinfo.nimbl.uk
- Кликнете на „Регистрирај се“ и внесете ги Вашите податоци: e-mail адреса и лозинка по Ваш избор
- Преземете го прирачникот на Вашиот јазик