Што можат младите да направат за да ги унапредат своите знаења за активно користење на информациите од медиумите во секојдневните активности. Како да придонесат во сузбивање на „пандемијата“ од дезинформации преку користење на алатките за медиумска и информациска писменост?
Тридневниот хакатон[1] на кој ќе учествуваат 15 млади поделени во 3 групи, ќе стимулира атмосфера на соработка, поврзување и барање одговори на ова, но и на многу други поврзани прашања. Придружете нѝ се, пријавете се на овој линк и бидете дел од тимовите за креирање практични решенија на проблемите кои самите ги препознавате.
Повикот е отворен до 19 април 2021, за сите млади луѓе (16 до 25 години) од С. Македонија
Едукативен хакатон – што, кој и со која цел?
Македонскиот институт за медиуми објавува повик за учество на млади луѓе (16 до 25 години) од земјава, на тридневен онлајн хакатон посветен на пронаоѓање идеи и решенија за прашања и проблеми поврзани со медиумската и информациската писменост. Хакатонот ќе се организира од 26 до 28 април 2021.
Сеприсутниот тренд на ширење дезинформации во медиумите и во онлајн светот, а особено ширењето непроверени вести во врска со пандемијата и некои други теми, ги доведуваат младите луѓе во заблуда и ги оставаат без адекватни можности за делување. Медиумското и информациското описменување на населението има клучна улога во решавањето на овој предизвик, особено кога станува збор за младите кои се најактивни во процесот на создавање и користење онлајн содржини.
Хакатонот „#Youth For MIL Solutions“ е замислен како тридневно дружење за млади од целата земја и натпревар во користење на знаења од областа на медиумската и информациската писменост. Целта е да се осмислат иницијативи и иновативни решенија за ефективно препознавање и наменско користење на информации од јавно достапните медиумски извори, како и решенија за сузбивање дезинформации и други типови податоци што се користат за различни цели.
Кого бараме, што нудиме, како може да се пријавите?
Критериуми за учество
Пријавувањето е отворено за сите млади луѓе од С. Македонија на возраст од 16 до 25 години, кои:
|
Заинтересираните млади може да се пријават поединечно или во тимови до 5 члена. Комисијата, врз основа на квалитетот и искажаната мотивираност ќе избере 15 најуспешни пријави и ќе ги повика учесниците да се придружат на проектните тимови во рамки на овој онлајн настан.
Врз основа на номинираните предлог-идеи опишани во апликациите, комисијата ќе ги избере работните теми и ќе ги формира работните тимови (3 тима од по пет учесници). Во консултација со експерти од различни области, комисијата ќе настојува да мапира области и теми каде што може да се понудат реални и конкретни решенија во рамките на зададените цели на хакатонот.
Теми што нè интересираат
Посебно сме заинтересирани за решенија на следите теми:
|
Ова не е конечна листа на теми. Ги охрабруваме учесниците да номинираат теми, проблеми и идеи за решенија кои ги сметаат за важни, а се однесуваат на медиумите, на разбирањето на нивната улога, на безбедно и совесно уживање на слободата на изразување.
Заинтересираните учесници во формуларот за пријавување треба да го престават проблемот кој што ќе се обидат да го решат и да иницираат идеја за решение.
Постојат голем број можности за конципирање идеи и различни проектни предлози, а на учесниците е да одлучат како ќе ја насочат својата тимска работа.
Конечното решение кое ќе го развиваат тимовите во текот на хакатонот може да има разни форми:
|
Пријава за учество
За учество на хакатонот треба да се пополни онлајн пријава (линк), која содржи прашања поврзани со идентитетот и мотивацијата на апликантите, како и прашања поврзани со проблеми и предлог-решенија.
Која ќе биде улогата на избраните учесници и што може да се очекува од нив?
Нашата намера е да идентификуваме млади луѓе кои: делуваат како иноватори и имаат лидерски вештини; се вклучени во дебати на теми поврзани со општествените проблеми; поединци кои вложуваат напор за унапредување на општеството во поширока смисла; и млади луѓе кои се спремни за акција.
Учесниците на хакатонот заеднички ќе работат на развивање идеи врз основа на методологија која ќе биде прилагодена на идентификуваните тематски области. Целта на хакатонот не е само да се идентификуваат проблеми и да се пронајдат адекватни идејни решенија, туку и понатамошно развивање на тематските компетенции на учесниците, унапредување на вештините за користење на достапните алатки, разбирање и решавање на зададените проблеми. Преку заедничка работа и интеракција, учесниците првенствено ќе креираат мрежа на млади луѓе кои стекнатото знаење и искуство ќе го пренесуваат на своите врсници во локалната заедници, поттикнувајќи што повеќе млади да преземат активна улога во слични активности.
Учеството на хакатонот не подразбира никакво предзнаење за темите поврзани со медиумска и информациска писменост, ниту пак, предзнаења од областа на информатичките технологии. Сите решенија не мора да се темелат на ИТ областа, туку може да бидат резултата на креативно размислување и темелно решавање на проблемите врз основа на стекнатите знаења и достапни ресурси. Секој тим што ќе учествува на хакатонот ќе добие стручна помош од најмалку еден експерт од тематската област која се обработува.
Хакатонот ќе трае 2 и пол дена и ќе се очекува непрекинато учество на избраните учесници од 6-8 часа дневно, од 09:00 до 16:00 часот. Хакатонот ќе се одржи преку „Zoom“ платформата и ќе вклучува групни активности, размена на искуства, дебата меѓу учесниците, и заеднички сесии со менторите и експертите. Програмата на хакатонот ќе се фокусира на создавање доверлива, отворена, безбедна и рефлектирачка атмосфера, со цел да се стимулира креативно, иновативно и критичко размислување кај учесниците, во однос на зададените теми на кои ќе работат. Програмата на хакатонот ќе се темели на искуството на учесниците, надополнета со стручни совети од експертите.
Учесниците ќе добијат упатство за стандардниот начин на претставување на своите идеи/решенија пред комисијата за избор на најдоброто решение.
Вкупниот фонд на награди за тимовите ќе изнесува 1000 евра. |
За дополнителни прашања во врската со пријавувањето на хакатонот контактирај те нè на: mim@mim.org.mk
Хакатонот се организира во рамки на проектот „Медиуми за граѓаните, граѓаните за медиумите“, што го спроведуваат медиумски организации од земјите од регионот, со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на проектот е да придонесе во развојот на капацитетите на граѓанскиот сектор за унапредување на медиумската и информациската писменост во регионот.
Одредби за авторски прави и одговорности:
Идејните решенија на хакатонот мора да бидат оригинални, не смее да се копираат и адаптираат решенија од други автори. Предлозите не смеат да бидат претходно објавени, ниту да се предмет на други конкурси, или пак предмет и побарување на трети страни. Во случај на кршење на авторските права на други лица или групи, одговорност е единствено на учесниците. Учесниците на конкурсот сносат полна правна одговорност за секое противправно или нечесно однесување. Добитниците на наградите не ги пренесуваат правата за своите дела на организаторот, но се обврзани во своите промотивни материјали да ја назначат поддршката што ја добиле. Организаторите и донаторите го задржуваат правото да ги претставуваат резултатите од хакатонот, со цел да се промовира дадената поддршка, проектот, без ограничување во територијална или временска смисла. Организаторите не се одговорни за евентуална штета предизвикана од давање неточни или застарени податоци од кандидатите што учествуваат.
————————————————————————————————————————————————————————–
[1] Зборот хакатон е комбинација од зборовите „hack“ (упад, пристап) и „marathon“ (маратон). Практично станува збор за групен натпреварувачки настан (онлајн или во живо), на кој мали или поголеми групи поединци заеднички програмираат со цел да ја идентификуваат сржта на одреден проблем и да пронајдат адекватно решените во рамки на темата/поводот за кој се собрале. Некои решенија на пример може да бидат веб-страници, десктоп или мобилни апликации. Хакатоните во просек траат 24 часа и во тој период секоја група што се натпреварува се обидува на најдобар начин да ги реши идентификуваните проблеми.