Македонскиот институт за медиуми, во изминатиот период како дел од регионалниот проект „Отпор кон дезинформации и говор на омраза“, објави повик за доделување на грантови за граѓански организации и спроведе процедура за избор на најдобри предлог-проекти.
На повикот, целосни предлог-проекти доставија вкупно 25 организации. По комплетирање на административната проверка на апликациите, стрчна жири-комисија спроведе постапка за квалитативно оценување на предлог-проектите кои успешно ја минаа административната проверка.
Врз основа на оценките од жири-комисијата, Управниот одбор на проектот донесе одлука да поддржи 4 предлог-проекти кои беа најдобро оценети.
Грѓанските организации и предлог-проектите кои ќе бидат поддржани преку оваа грант-програма може да ги погледнете во прилог.