Тројца новинари од Босна и Херцеговина кои работат во различни медиуми, беа во десетдневна посета на Македонија,каде ја остварија предвидената пракса во ромската редакција на МТВ 2 и произведоа телевизиски прилози за емисијата на ромски јазик „Бијандипе“.
Освен посетата на неколку населби и директни контакти со граѓаните од ромска националност, новинарите имаа низа средби со претставници на ромски политички партии , министри,претставници на ЕУ делагацијата во Македонија, медиуми, невладини организации, советници од општини каде најмногу живее ромско население итн, на кои се запознаваа со ситуацијата на Ромите во земјава и снимаа материјал кој се користеше за изработка на прилозите.
Практикантскиот престој на новинарите се организираше како дел од регионалниот проект „Роми во јавноста“, финансиран преку ИПА инструментот на ЕУ, а чија цел е преку обуки на новинари, продукциски активности и соработка со невладините организации, да придонесе за поголема и поквалитетна присутност на ромските теми во јавноста.
ТВ прилозите се поставени и на регионалниот портал www.tocak.org , на кој се објавуваат стории за животот на ромската заедница на Балканот.