Мрежата на Југоисточна Европа за професионализација на медиумите (СЕЕНПМ) објави конкурс за ангажирање стручно лице задолжено за комуникација и администрација. Конкурсот е отворен за кандидати од земјите кои се дел од мрежата.
Меѓу другото, заинтересираните кандидати треба добро да ја познаваат медиумската сцена во Централна и Југоисточна Европа и да имаат искуство во областа на медиумите и комуникациите.
Пријавувањето трае до 21 септември 2015.
Повеќе информации за работното место, критериумите и начинот на пријавување, може да погледнете на следниот линк:
http://www.seenpm.org/seenpm-communication-and-admin-officer/