При злоупотребата на буџетски средства од страна на институциите, граѓаните вообичаено немаат јасна претстава дека станува збор за енормни суми и дека тоа се, пред се, јавни пари. Затоа новинарите истражувачи треба да најдат алтернативни, понекогаш и визуелни начини како да им ги доближат тие информации на граѓаните. Дополнително, новинарите треба да вложат доволно енергија и да посветат повеќе внимание за да ги убедат граѓаните да учествуваат со нивни лични сведоштва во истражувачките приказни.

f4 d36Ова беа некои од поентите што новинарите Мери Јордановска од Истражувачката мрежа БИРН и Влатко Стојановски од неделникот Фокус ги истакнаа на дебатата „Истражувачко новинарство – за да се дознае вистината“, во организација на Македонскиот институт за медиуми и Центарот за истражувачко новинарство СКУП. Настанот е дел од четиригодишниот регионален проект „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“, во кој МИМ учествува како национален партнер. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

f5 ee0Новинарите истражувачи зборуваа за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат при пишување на истражувачките стории, но порачаа дека  треба да се биде упорен во трката со времето, истраен во деталното проверување на информациите и непоколеблив пред притисоците. Новинарот Горан Лефков од СКУП ги охрабри колегите новинари што почесто да го користат Законот за пристап до информации од јавен карактер, но и секогаш да се обидат да ги потврдуваат информациите од повеќе извори.

f2 5c2„Истражувачкото новинарство е немоќно доколку институциите, политиката и граѓаните се инертни, а медиумите не се меѓусебно солидарни,“ заклучи Зоран Иванов, долгогодишен новинар и уредник, според кого, јавноста се повеќе бара истражувачки стории, а во државава постојат само неколку „енклави“ како СКУП, БИРН и Фокус, кои го негуваат овој тип на новинарство. 

 

Во рамки на настанот беа промовирани публикација, како и три кратки видеа на тема истражувачко новинарство.