Примарна улога на МИМ е да им овозможи најсоодветна поддршка и пристап до најнови знаења за новинарството и за медиумската сфера на новинарите и медиумските работници, но и за граѓанските организации, институциите и сите оние кои имаат потреба да комуницираат со медиумите и со јавноста.

Професионалните обуки се заштитен знак на МИМ. Преку нив, Институтот го применува концептот на доживотно учење во медиумското образование. Сите програми за обука се создадени според најмодерните светски стандарди во новинарството и комуникациите со јавноста, и се имплементираат преку учење низ практика.

Во контекст на напорите за унапредување на професионалните стандарди, МИМ сè повеќе се фокусира кон развивање на истражувачката дејност. Длабинското „скенирање“ на состојбите во медиумите претставува поткрепа на активностите што Институтот ги покренува и спроведува. Целта на МИМ е истражувањата да послужат како основа за натамошни иницијативи во областа на професионализација на новинарите и медиумите, развојот на новинарското образавание, како и развојот на граѓанското општество и на демократските вредности.

Продукциските проекти и копродукциски соработки се дел од професионалното портфолио на МИМ. Продукциските проекти се насочени кон релевантни теми што често не се третирани во влијателните медиуми, но се од значење за развојот на граѓанското општество и демократските вредности во Македонија. Од друга страна, овие медиумски производи ги интегрираат сите професионални принципи при изработката, со амбиција да претставуваат пример, и во тематска и во новинарска смисла.

За реализација на активностите и проектите МИМ располага со најсовремена опрема, експертиза и просторно-технички услови.

Напишете коментар