Информатор број 34 |
Традиционално доделување на наградите за најдобра истражувачка сторија СТОРИЈАТА „СПИСОЦИ“ НА А1 ТВ Е НАЈДОБРАТА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ВО 2011 |
На 30 март 2012г, по единаесетти пат, МИМ ги додели наградите “Најдобра истражувачка сторија за 2011 година“. Новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска ја добија првата награда за сторијата “Списоци“, објавена на А1 ТВ. Втората награда ја освои новинарот Максим Ристески за серијалот текстови во врска со аферата “Тарбс“, објавени во дневниот весник „Капитал“, а третата награда ја делат Александар Динев, новинар на ТВ Сител, за прилозите на тема “Посвојување“, и новинарката на “Дневник“, Милена Атанасоска Манасиева за серијалот написи “Досие продажба на докторати и магистерски“. Повеќе → Изборот на најдобрите истражувачки стории беше направен според следните критериуми. |
Развој на медиумите во Македонија според индикаторите на УНЕСКО МИМ ЈА ОБЈАВИ АНАЛИЗАТА „РАЗВОЈОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СПОРЕД ИНДИКАТОРИТЕ НА УНЕСКО“ |
На почетокот на февруари 2012 г, Македонскиот институт за медиуми, пред пошироката јавност во земјата ја претстави анализата „Развојот на медиумите во Македонија според индикаторите на УНЕСКО“. Анализата која е изработена од домашни автори, по опсег и по содржина е прва од ваков тип во Македонија и претставува ефикасен механизам за континуирано и конзистентно следење на медиумскиот развој на земјата според меѓународни стандарди. Повеќе → |
Претставници од локалните медиуми дискутираа за нивните клучни проблеми ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА – И СТРАВ И НЕПОЗНАНИЦА ЗА ПОМАЛИТЕ МЕДИУМИ |
Нејаснотиите околу претстојниот процес на дигитализација, сиромашниот и презаситен медиумски пазар, недостатокот на финансии и на стручен кадар, се само дел од клучните проблеми со кои се соочуваат локалните медиуми во Македонија. Ова беше истакнато работна средба што се одржа во МИМ, на 24 јануари 2012г, а на која присуствуваа 15 сопственици и главни уредници од локални медиуми. Повеќе → |
Иницијатива за надминување на проблемите во медиумската сфера МИМ И ЗНМ ЈА ОБЈАВИЈА ПОСЛЕДНАТА ВЕРЗИЈА НА АКЦИСКИОТ ПЛАН, СО ВКЛУЧЕНИ ЗАБЕЛЕШКИ И ПРЕДЛОЗИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ИНИЦИЈАТИВАТА |
Како дел од иницијативата за подобрување на состојбите во медиумската сфера, МИМ и ЗНМ кон крајот на јануари 2012 г, ја објавија последната верзија на Акцискиот план за подобрување на состојбите со медиумите во Република Македонија. Финалниот документ ги содржи забелешките и предлозите на учесниците кои активно партиципираа во оваа иницијатива. Акцискиот план треба да послужи како работна платформа која ќе понуди пристап за решавање на најприоритетните проблеми во медиумската сфера. Повеќе → |
Годишно собрание на корисниците на МИМ ИЗБРАНИ ТРОЈЦА ПРЕТСТАВНИЦИ НА СОБРАНИЕТО НА КОРИСНИЦИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА МИМ |
На 2 февруари, 2012г, Македонскиот институт за медиуми го одржа единаесеттото Годишно собрание на корисниците. На средбата, присутните беа запознаени со работата на УО во текот на минатата година, како и со извештајот за спроведените активности на Институтот во 2011 година. Во рамки на годинешното Собрание, присутните претставници од медиумите кои се корисници на МИМ ги избраа Назим Рашиди, Мирче Адамчевски и Ангелче Здравкин за членови во УО на МИМ, за наредните 2 години. |