Телевизиите се најгледаните и највлијателните медиуми во Македонија и имаат исклучително важна улога во градењето на јавното мислење кај граѓаните. Тие се и најголеми актери во медиумскиот бизнис и имаат значаен потенцијал во унапредувањето и развојот на аудиовизуелната индустрија, во промовирањето на јавниот интерес и во натамошниот развој на медиумската сфера во Македонија.Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во изминатите три години работеше на повеќе истражувања, кои засегаат различни аспекти од медиумската индустрија и медиумскиот бизнис, какви што се сопственичките и финансиските модели на највлијателните ТВ-канали, нивната програмска разновидност, политичкиот плурализам во медиумските содржини, улогата на регулаторот при развојот на структуралниот плурализам, програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис и говорот на омраза во медиумите.Неизоставен и мошне битен сегмент во медиумската сфера, што години наназад е посочуван како еден од главните фактори што влијаат врз независноста, транспарентноста и кредибилитетот на медиумите, се сопствениците на медиумите. Токму затоа, решивме да им се обратиме и да им дадеме можност и на сопствениците и директорите на највлијателните медиуми во Македонија да ги кажат своите ставови и размислувања за иднината на аудиовизуелната медиумска индустрија во Македонија.Ги замоливме преку сопствени анализи да се осврнат на нивната визија за медиумската индустрија и бизнисот, како и да откријат што ново, поразлично и оригинално планираат да ѝ понудат на публиката во иднина. Исто така, ги прашавме и што, според нив, можат да направат државата и регулаторот за подобрување на околината и на условите во кои работат медиумските субјекти. Сметавме дека е важно да се слушне нивното мислење дали во нашиот политичко-општествен контекст е возможно телевизиите да функционираат слободно на медиумскиот пазар, без одржување релации со политичките и со бизнис-центрите на моќ.
Сопствениците и директорите на медиумите во своите текстови зборуваат и за тоа што значи јавниот интерес и како го поттикнуваат во рамките на своите медиуми, како една од основните вредности на современите демократии.
Компилацијата текстови е достапна во прилог.
Иднината на аудиовизуелната медиумска индустрија во Македонија3 MB
Публикации
Анализата нуди приказ на состојбата со почитувањето на легислативата во сферата на онлајн-медиумите и комуникациите во Македонија, осврт кон правната рамка и опфатот на законските прописи за дигиталните медиуми, улогата на саморегулаторните механизми, како и преглед на искуствата и перцепциите на засегнатите страни и на публиката.
Aнализата се фокусира на пет главни категории на медиумскиот развој како составен дел од секој медиумски систем, и тоа:
Извештајот ги содржи резултатите од истражувањето спроведено во Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска.
Проблемите на соработката меѓу ГО и медиумите се посочувани многупати во изминативе години, но и покрај тоа, во релациите меѓу двата сектора не се забележува значителен напредок. Основната цел на оваа Бела книга е да отиде чекор понапред – не само да ги утврди проблемите во соработката меѓу двата сектора, туку да ги посочи и начините за унапредување и интензивирање на таа соработка, со цел поголема промоција и унапредување на човековите права. Преку краток опис на состојбите и приоритетите во шест специфични области од човековите права – граѓански и политички права, права на жени, Роми и други етнички заедници, маргинализирани заедници (лица со попреченост и припадници на ЛГБТИ-популацијата), млади и дигитални права – документот има за цел да ги поттикне механизмите на меѓусебната комуникација и соработка меѓу ГО и медиумите и на тој начин да обезбеди поголема видливост и влијание на ГО во јавноста.
Белата книга опфаќа само некои аспекти од широката област на човековите права, кои беа определени во согласност со категоризацијата на организациите што се пријавија на Јавниот повик на МИМ за учество во проектот. Овој документ беше изработен со помош на група експерти од граѓанските организации и од медиумите, кои ги ставија на располагање својата експертиза и знаење. Во различни фази од продуцирањето на овој документ придонесоа претставници од следните граѓански организации: Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Национален совет за родова рамноправност (НССР), Отворена порта – „Ла страда“, Отворете ги прозорците, Фондацијата Метаморфозис, Асоцијација за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А., КХАМ, Мултикултура, Центарот за развој на медиуми на заедниците МЕДИУМ, Центар за слобода - Цивил, како и новинари и уредници од ТВ Алфа, Нова Македонија и Диверсити медија.
Белата книга треба да послужи уште како една алатка на партиципативната демократија, поради што во процесот на нејзина изработка се стремевме да обезбедиме поголема инклузивност на граѓанскиот сектор. Крајната цел на документот и на овој проект е почитувањето на човековите права да стане императив на граѓанското општество и на граѓанскиот активизам во Македонија.
Публикацијата може да ја преземете во продолжение:БЕЛА КНИГА
LIBËR I BARDHË
WHITE PAPER
Како дел од проектот “Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, Македонскиот институт за медиуми во соработка со Институтот за демократија и Бирото за развој на образованието, издаде Прирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик.
Овој прирачник има за цел да им помогне на наставниците да ги унапредат познавањата на учениците за улогата и функцијата на медиумите во демократските општества. Намерата е учениците да се стекнат со способност критички да им пристапуваат, да ги анализираат и проценуваат медиумските содржини и пораки коишто доаѓаат од различни извори – печатени и електронски медиуми, Интернет, реклами - што би им овозможило поангажирано да се вклучат во демократските процеси.Прирачникот за медиумска писменост е достапен на македонски, албански, српски и турски јазик. Публикацијата содржи пет наставни единици и примери за секоја од нив, како и корисни идеи за наставниците како да ги организираат часовите со примена на принципите на медиумската писменост.
Прирачник за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик 3.01 MB
DORACAK për arsimtarëpërparimi mësimor mediatik në lëndën e gjuhës amtare13.44 MB
Aнализата за Состојбата со медиумите на јазиците на заедниците во Реублика Македонија.
Анализата ги опфаќа сите најзначајни прашања поврзани со јавниот радиодифузен сервис: значењето на јавната радиодифузија во демократското општество; програмските функции; моделот на финан сирање; моделот на управување и надзор врз неговото работење и улогата на јавниот сервис во новото дигитално опкружување. Притоа, за секое прашање прво се дава преглед на европските стандарди и препораки, а потоа се прави осврт врз одредбите на домашната регулатива и врз нивната имплементација во практиката.
Анализа на јавен сервис353.1 KB
Прирачникот е издаден во рамки на „Едногодишната школа за новинарство“ на Македонскиот институт за медиуми.
Пишување за печатени медиуми1.59 MB