Објавен првиот документарец од серијалот „Медиуми за граѓаните“

Се чита за 0 мин.

Серијалот „Медиуми за граѓаните“ се занимава со прашањата каква е програмската понуда на најгледаните телевизии, квалитетот и разноликоста на програмата, колку медиумите ги промовираат демократските вредности во општеството, плурализмот и транспарентноста, дали работат во интерес на граѓаните и каква е иднината на аудиовизуелната индустрија во земјава?

Првата епизода нуди споредбен приказ за програмската понуда на комерцијалните терестријални телевизии на национално ниво во Република Македонија, во Хрватска и во Словенија, како и предлог - решенија како да се подобри квалитетот и програмската разновидност на телевизиите кај нас. 

Документарците се продуцираат како дел од проектот „#ReForMediaMKD – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“, што го спроведува МИМ во соработка со Мировниот институт од Љубљана, Словенија, а со финансиска поддршка од Европската Унија.