МИМ објавува повик за обучувачи од областа за медиумската и информациската писменост

Македонскиот институт за медиуми организира обука за обучувачи од областа на медиумската и информациската писменост што ќе се одржи на 27 и 28 септември 2018, во просториите на МИМ.   

Обуката е наменета за сите оние кои имаат искуство во подготовка и реализација на обуки, работилници и јавни настапи или, пак, имаат долгогодишно искуство во областа на:

  • Медиумите (новинари, уредници, академски работници, поединци ангажирани во медиумска продукција, поединци ангажирани во граѓански организации од областа на медиумите);
  • ИТ-технологијата (веб-програмери, UX-експерти, поединци ангажирани во граѓански организации активни во полето на отворени податоци и транспарентност);
  • Образование (наставници во основни училишта, професори во средни училишта и факултети од општествени и информатички науки, поединци ангажирани во граѓански организации активни во полето на образованието и образовните политики).

Учесниците на обуката ќе бидат ангажирани како обучувачи на МИМ на идни обуки и работилници  што ќе се одржуваат за локални невладини организации коишто се заинтересирани и сакаат да се занимаваат со медиумска и информациска писменост.

Обуката ќе трае два работни дена, а присуството е задолжително во текот на целото нејзино времетраење. Во текот на обуката ќе бидат комбинирани презентации од обучувачи од Србија и Велика Британија со практична работа од самите учесници и подготовка за работилница за локални граѓански организации.

Работен јазик на обуката е англиски, а превод нема да биде обезбеден. Затоа, од учесниците се очекува одлично познавање на англискиот јазик.

За учесниците надвор од Скопје трошоците за пат и сместување се покриени од страна на организаторите.

Како да се пријавите за обуката?

Доколку сте заинтересирани за учество на обуката, Ве молиме испратете:

  • Пополнет формулар за аплицирање којшто може да го преземете во прилог;
  • Биографија (CV).

Потребните документи испратете ги на адреса: mim@mim.org.mk најдоцна до 14 септември 2018. Пријавите кои ќе пристигнат по овој датум, нема да бидат предмет на разгледување.

За дополнителни информации во врска со обуката, можете ја контактирате Весна Никодиноска на vesnanik@mim.org.mk или на телефонскиот број: 02 30 90 144.

euОбуката се организира во рамки на проектот „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите: Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за развој на медиумската и информациската писменост на Западен Балкан“ со поддршка на Европската Унија.