Повик за доделување грантови за продукција на медиумски содржини

Се чита за 4 мин.

Промовирање на медиумската писменост и веродостојност на информациите меѓу младите во  Р. С. Македонија.

Краен рок за аплицирање: 28 октомври 2019
Времетраење на проектот: 31 декември 2019
Индивидуален буџет за предлог-проект: 3.000 британски фунти
Вкупен број на грантови кои ќе бидат доделени од овој повик: До 2

Општи информации
Албани асошиејтс (www.albanyassociates.com) и Македонскиот институт за медиуми, заедно со регионални организации за развој на медиумите го спроведуваат проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“. Главни цели на проектот се зајакнување на капацитетите на медиумските професионалци и студентите по новинарство за верификација на информации, проверка на факти, продукција на медиумски содржини, како и унапредување на знаењата за концептот на медиумска и информациска писменост на јавните сервиси и подобрување на нивната способност за реализирање на јавни кампањи за медиумска и информациска писменост.

Проектот се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Р.С. Македонија, Црна Гора и Србија, и е финансиран од Британската влада.

Иако се предвидуваат слични повици во сите овие земји, само медиуми кои се регистрирани во Р. С. Македонија имаат право да аплицираат на овој повик.

Цели на повикот
Бројни истражувања покажуваат дека младите во Р. С. Македонија немаат доволно развиени вештини за медиумска писменост, не ги познаваат стандардите на професионалното новинарство и не се доволно свесни за одговорностите и улогата на медиумите во демократските општества.

Покрај тоа, честопати им недостасуваат вештини за да ги проверуваат информациите и да се заштитат од погрешни или манипулативни содржини. Токму изучувањето на концептот на медиумска и информациска писменост им овозможува на младите безбедно и продуктивно користење на информациите кои ги примаат од различните медиуми.

Исто така, истражувањата за ставовите на новинарите и дискусиите со младите во регионот, покажуваат дека и оние што произведуваат медиумски содржини и оние што ги примаат тие содржини веруваат дека честопати се појавуваат и споделуваат неточни информации за прашања од општ интерес, како што се здравството и животната средина.

Со цел да се поддржи квалитетно и професионално новинарство и да се унапреди медиумската писменост на публиките во земјите од регионот, Албани асошиејтс и Македонскиот институт за медиуми објавуваат повик  за аплицирање за мали грантови за продукција на медиумски содржини, со следните специфични цели (апликаните може да одберат една од нив или да направат комбинација од двете):

  1. Да ѝ се овозможи на младата публика во Р.С. Македонија (на возраст до 35 години) пристап до високо квалитетни и иновативни медиумски содржини кои ќе им помогнат подобро да ја разберат улогата на медиумите и важноста на професионалното и независно новинарство.
  2. Да се продуцираат високо квалитетни и иновативни медиумски содржини кои ќе ѝ овозможат на публиката со точни информации да се спротивстави на лажните вести во областа на здравството, заштитата на животната средина, локалната самоуправа, или, пак, други области од јавен интерес.

Кој може да аплицира?
Медиуми (печатени, ТВ, радио или онлајн медиуми) кои ги исполнуваат следниве критериуми:

  • Да се регистрирани во Р. С. Македонија;
  • Да се активни на медиумската сцена во Р.С.Македонија најмалку две години;
  • Да имаат способност да допрат до поголема публика (статистика од веб страницата на медиумот, тираж, досег и сл.);
  • Да имаат капацитет за продукција на квалитетни медиумски содржини (примери за продуцирани и објавени медиумски содржини);

Апликациите кои не ги исполнуваат наведените критериуми нема да бидат предмет на разгледување.

Секој медиум може да поднесе само една апликација.

Прифатливи се копродукциски проекти, со еден апликант како носител на проектот, а останатите како коапликанти. Во случај на копродукција, сите апликанти и коапликанти треба да ги исполнуваат наведените критериуми за аплицирање.

Какви содржини и теми ќе бидат поддржани?
Предност ќе имаат мултимедијалните содржини со потенцијал за понатамошно објавување и споделување преку социјалните медиуми.

Предложените теми треба да произлезат од специфичните цели кои се утврдени во повикот и можат да ги содржат (но, не задолжително) следниве примери:

  • Улогата на медиумите и новинарството во заштитата на слободата на изразување;
  • Критериуми за пристап до квалитетно и кредибилно новинарство, пребарување, критичкo оценување на медиумските содржини – онлајн и офлајн.
  • Безбедност на интернет и заштита на податоци;
  • Препознавање погрешни информации во медиумите;
  • Транспарентност во финансирањето на медиумите и медиумската сопственост;
  • Обезбедување точни информации наспроти погрешни или лажни информации од областа на здравството, родовата еднаквост, заштитата на животната средина, локалната самоуправа или друга област од јавен интерес.

Прифатливост на трошоци
Следните трошоци поврзани со продукција на медиумски содржини ќе се сметаат за прифатливи:

  • Плати и придружни надоместоци;
  • Трошоци поврзани со продукција, како што се патувања, опрема и други слични трошоци.

Како да аплицирате?

Формулар за апликација и образец за буџет
Апликациите мора да се напишани на англиски јазик (на двата документа за аплицирање):

Дополнителни документи
Секоја апликација мора да содржи:

  • Скениран документ за регистрацијата на медиумот во Централниот регистар (за носителот и за коапликантот);
  • Примери од скорешни продуцирани содржини кои ја демонстрираат способноста и капацитетот за продукција на медиумски содржини (по можност со линкови од претходно објавени содржини на носителот на проектот и коапликантот, доколку го има);
  • Пополнет образец за буџет.

Кога и како да се испрати апликацијата
Апликациите, пополнети на англиски јазик, мора да бидат поднесени преку е-маил на: mim@mim.org.mk со назнака „Повик за доделување грантови за продукција на медиумски содржини“, најдоцна до 28 октомври 2019. Апликациите испратени по објавениот рок нема да бидат разгледувани.

Прашања
Сите прашања во врска со повикот треба да бидат поставени на е-маил до или пред 18 октомври 2019 на mim@mim.org.mk со назнака „Повик за доделување грантови за продукција на медиумски содржини“.

Оценување и избор на апликации
Сите апликации ќе бидат оценувани од страна на комисија за селекција од локални и регионални организации за развој на медиумите, според следните критериуми:

  • Релевантност на предложената содржина во однос на целта на повикот (максимум 20 бодови);
  • Квалитет на предложената содржина, пристап кон предложената тема, оригиналност на предлогот (максимум 40 бодови);
  • План за промоција, објавување и дистрибуција на предложената содржина (максимум 10 бодови);
  • Капацитет на медиумот за имплементација на предложениот проект, технички можности и искуство во продукција на содржини, заложба на апликантот за професионално новинарство, искуство на предложениот продукциски тим (максимум 20 бодови);
  • Ефикасност на предложените трошоци, реално утврдени трошоци (максимум 10 бодови).

docxФормулар за аплицирање (АНГ)92.39 KB

xlsxБуџет (АНГ)23.46 KB