Отпор: Граѓанското општество за медиуми без омраза и дезинформации

Се чита за 2 мин.

web cover otpor

Девет организации за развој на медиумите во Западен Балкан и Турција ги здружија силите во рамките на проектот „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“, финансиран од Европската Унија.

Проектот (2020 – 2023) се фокусира на:

  • Зајакнување на капацитетите на медиумските организации преку вмрежување и регионална соработка, со цел да се унапреди разбирањето на моделите на дезинформации и пропаганда на омраза во медиумите и јавната комуникација во Западен Балкан и Турција;
  • Способноста на медиумите и граѓанското општество да ги разоткријат и да одговорат на лажните информации, особено на Интернет;
  • Развивање отпорност на граѓаните кон дезинформациите преку промовирање на заедничко решение кое ги вклучува медиумските професионалци и другите засегнати страни.

Проектот се имплементира во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија, Србија и Турција.

Тригодишниот проект го спроведува Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), во партнерство со: Албанскиот медиумски институт во Тирана, Фондација „Медиацентар“ во Сараево, Косово 2.0 во Приштина, Црногорскиот медиумски институт во Подгорица, Македонскиот институт за медиуми во Скопје, Новосадската школа за новинарство во Нови Сад, Мировниот институт во Љубљана и Бианет во Истанбул.

Новостите од проектните активности, резултатите и продуктите ќе бидат објавувани на веб-страниците и каналите на социјалните медиуми на партнерските организации, вклучувајќи ги и веб-страниците на СЕЕНПМ www.seenpm.org и www.cimusee.org.

Со што ќе се занимава проектот?

  • Истражувања и извештаи
    • Анализи на омраза на политичко-економска основа, модели на дезинформации и пропаганда во медиумите и јавните комуникации;
    • Анализи на наративите на омраза и дезинформации;
    • Истражување (базирано на испитување на јавното мислење) за довербата во медиумите и родовите прашања во медиумите.

  • Спротивставување на омразата, дезинформациите и пропагандата
    • Продукција на 6 ТВ-емисии инспирирани од наодите од истражувањата со цел да се подигне свеста на публиката за медиумските слободи и проблемите со слободата на изразување;
    • Работилница за креативните тимови од регионот кои ќе учат од експерти и колеги од ЕУ како да применат нови креативни решенија за наративите кои ќе се користат во националните кампањи;
    • Кампањи за спротивставување на дезинформациите преку социјалните мрежи во седумте земји;
    • Форум на уредници (насловен како „Уредници од доверба“) посветен на афирмирање на моќта на уредниците за враќање на довербата во медиумите и размена на искуства за развивање одржливи бизнис модели кои промовираат квалитетно и доверливо новинарство како начин за справување со дезинформациите;
    • Студиски посети во ЕУ земји за уредници од регионот;
    • Продукција на прекугранични стории преку користење конструктивен новинарски пристап.

  • Промовирање на медиумска и информациска писменост (МИП) во помали градови и рурални средини
    • Шема за доделување грантови за унапредување на капацитетите на граѓанските организации за вклучување во активности за промовирање на МИП во помали градови и рурални средини, кои можат да бидат особено ранливи на дезинформации и пропаганда.
  • Застапување
    • Подготовка на преглед на регулаторните и саморегуолаторните модели во земјите од регионот, како и избрани земји од ЕУ кои ќе служат како основа за активностите за застапување;
    • Национални активности за застапување и презентирање на наодите и идентификуваните добри практики пред засегнатите страни. Организирање јавни дебати во секоја од земјите кои ќе бидат поддржани од гости говорници од регионот или од земјите членки на ЕУ;
    • Заклучоците од јавните дебати и извештаите од анализите ќе бидат сумирани во специфични групи на препораки за секоја од земјите учеснички и ќе бидат дистрибуирани пошироко.

Следете ги активностите од проектот „Отпор кон дезинформации и говор на омраза“ на веб-страницата на МИМ и на социјалните мрежи – ФБ, Твитер и Инстаграм, како и на:

www.seenpm.org
Facebook SEENPM
//@SEENPM_org">Twitter SEENPM

www.cimusee.org
Facebook CIMUSEE
//@CIMU_SEE">Twitter CIMUSEE

За сите информации поврзани со проектот може да обратите на следната е-пошта: admin@seenpm.org

 

eu flag webРегионалната програма „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“ се спроведува со поддршка од Европската Унија, од страна на партнерските организации од регионот: СЕЕНПМ, Македонски институт за медиуми, Албански медиумски институт, Медиацентар, Косово 2.0, Црногорски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.