ЈАВЕН ПОВИК за поднесување пријави за наставници-обучувачи од областа на медиумската писменост

Се чита за 2 мин.

povik cover logoa 2

Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) во соработка со Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ и Македонскиот институт за медиуми објавуваат:   

ЈАВЕН ПОВИК

за поднесување пријави за наставници-обучувачи од областа на медиумската писменост

Ги покануваме сите заинтересирани наставници и наставници-ментори од општинските основни училишта кои ги исполнуваат условите за аплицирање, да се пријават на овој јавен повик во предвидениот рок.

Јавниот повик е дел од заедничките активности што МОН и БРО ги спроведуваат заедно со тимот на Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“, каде една од главните цели е воведување медиумска писменост во наставните програми за основно и за средно образование.

Основна цел на проектот е да им овозможи на младите да се стекнат со вештини и свесност за медиумската писменост за да можат критички да им пристапуваат на информациите и да градaт отпорност кон дезинформации, мисинформации, говор на омраза, теории на заговор и други форми на манипулација.

Наставниците-обучувачи ќе бидат вклучени во обуки за обучувачи преку кои ќе стекнат знаења и вештини поврзани со медиумската писменост, со критичкото размислување и со основните принципи и методолошки пристапи за поучување на содржините од оваа област. За наставниците-обучувачи ќе бидат обезбедени и различни материјали  што треба да им помогнат во планирање, подготовка и спроведување на часовите преку вклучување пристапи и методи во наставата поврзани со медиумската писменост и со поттикнување критичко размислување кај учениците.

Почнувајќи од наставната 2022/2023 година и во текот на следните неколку учебни години, наставниците-обучувачи ќе бидат ангажирани да спроведуваат обуки за своите колеги-наставници со цел да ги запознаат со медиумската писменост, методите на поучување, како и планирање, организација и реализација на наставата со вклучување на концептите на медиумска писменост и критичко размислување.

Се предвидува што поголем број наставници да се стекнат со знаења и вештини поврзани со медиумската писменост за да може таа соодветно да се интегрира во различни наставни предмети. Обуките ќе бидат организирани, следени и сертифицирани од страна на проектот на УСАИД за медиумска писменост и Бирото за развој на образованието.

Услови за учество на јавниот повик за наставници-обучувачи од областа на медиумската писменост се следните:

  1. најмалку пет години работно искуство како наставник;
  2. вработен на неопределено работно време;
  3. исполнување на професионалните стандарди за наставник или наставник-ментор и
  4. претходно искуство со држење обуки на наставници.

Пријавата за Повикот може да ја најдете на следниот линк.

Пријавата во електронска форма треба да се испрати до Македонскиот институт за медиуми на следната електронска адреса: povici@mim.org.mk , со назнака „Пријава за Повикот за наставници-обучувачи-<име и презиме>“.

Сите прашања околу повикот може да се испратат на следната адреса: ivonae@mim.org.mk, не подоцна од 29 март 2022 година.

Одговорите на пристигнатите ПРАШАЊА може да ги погледнете ТУКА.

Комисијата за избор ќе биде составена од претставници на МОН, БРО и од Проектот на УСАИД за медиумска писменост.

Рокот за поднесување на пријавите за наставник-обучувач е до 6 април 2022 година. Секое барање поднесено по овој датум нема да се разгледува и рангира.

Повикот на Албански јазик е достапен на следниот линк: THIRRJE PUBLIKE për paraqitjen e aplikacioneve për mësimdhënës-trajnues në fushën e edukimit

*****************************************************************************************************

Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“ е петгодишна програма финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) која ја спроведува ИРЕКС во соработка со локалните партнери Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Младинскиот образовен форум (МОФ).