„Џанк Фолдер“ (Junk Folder) – Филм за фабрикуваните содржини кои немаат крај

Се чита за 0 мин.

„Џанк Фолдер“ (Junk Folder) e документарен филм на режисерот Ален Шимиќ, во продукција на Медиацентар (Сараево), кој го обработува прашањето за тоа колку дезинформациите му штетат на професионалното новинарство, како професионалните истражувачки новинари и проверувачи на факти се борат со дезинформациите, како изгледаат лажните вести и кој стои позади нив.

Дезинформациите се без граници, а темата на „Џанк Фолдер“ (Junk Folder) – ширење дезинформации на Западен Балкан – го покажува токму тоа, но исто така покажува колку недоволната медиумска писменост е причина за ширењето дезинформации и за неможноста да се препознаат фабрикувани содржини.

Документарниот филм е продуциран во рамките на регионалната програма „ОТПОР: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување на дезинформации и пропаганда за ширење на омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“, имплементирана со финансиска поддршка од Европската Унија, од страна на партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот медиумски институт, Медиацентар Сараево, Косово 2.0, Институтот за медиуми на Црна Гора, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската новинарска школа, Мировниот институт и Бианет.