Претставници од медиумите и граѓанските организации на студиска посета во Брисел

Се чита за 0 мин.

Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми, од 27 до 30 ноември, организираа студиска посета на европските институции во Брисел наменета за претставници од медиумите и од граѓанскиот сектор во Северна Македонија. Целта на посетата беше учесниците да се информираат непосредно од претставници на европските институции за главните политики на Европската Унија во борбата против дезинформации и процесот на проширување, скринингот, преговарачкиот процес,  како и за други актуелни прашања.

t poseta 1 1Во рамки на посетата, новинарите се сретнаа и разговараа со високи претставници на Европската служба за надворешна услуги („EEAS“), Работната група за Западен Балкан (Western Balkans Task Force) и други органи во рамки на Генералниот директорат, како што се „CNECT“ и „NEAR“.

На состаноците  беа презентирани и два нови документа кои се особено релевантни за медиумите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати, и се однесуваат на дигиталните услуги во ЕУ и слободата на медиумите.

Групата имаше можност да го посети и претставништвото на Република Северна Македонија во НАТО и Европскиот парламент, кадешто се сретна со заменик-амбасадорот Дејан Велковски и известувачот на Европскиот парламент за нашата земја, Илхан Ќучук.