Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во рамки на проектот „Младите размислуваат“ има потреба од ангажман на продукциска куќа којашто ќе произведе серијал од 6 видеа за промовирање на медиумската писменост кај учениците.
Целта на серијалот е да го поддржи процесот на воведување на медиумската писменост во образованието и да ги афирмира клучните концепти на медиумската писменост кај младата популација.
Продукциските куќи коишто ќе се пријават на овој повик треба да ги испорачаат следните услуги:
- Да произведат вкупно 6 видеа на теми поврзани со медиумската писменост (поединечна должина на видеата 5 минути);
- Видеата да бидат продуцирани во формат соодветен за емитување на ТВ (16:9) и на социјалните мрежи (story/reel формат/9:16);
- Да понудат креативна и оригинална изведба на идејата, којашто ќе биде атрактивна за младата публика;
- Да обезбеди комплетен тим за продукција: режисер, камерман, костимограф, тонмајстор, светло-оператор, монтажер.
Заинтересираните продукциски куќи треба да испратат понуда, во која се презентирани информации за досегашната работа и капацитетот на компанијата, предлог идеја и финансиска понуда.
Понудите да се достават на следниот е-пошта: mim@mim.org.mk, најдоцна до 1 април 2024 година.