Во тек е пријавувањето за Балканските стипендии за истакнато новинарство

Се чита за 0 мин.

Новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Романија, Србија и Косово, најдоцна до 5 март 2012 година, можат да се пријават на конкурсот за Балкански стипендии за истакнато новинарство, што ги доделува „Балканската истражувачка мрежа” (BIRN) во соработка со фондацијата Роберт Бош (Robert Bosch) и ERSTE Фондацијата. Тема на шестото издание на оваа стипендирана програма се заедниците.
Заинтересираните кандидати ќе треба да ги истражуваат различните заедници - политички, економски, национални, родови, генерациски, како и, односите меѓу нив, надворешните влијанија и развојот на сосема нови групи и фракции во општеството. Сториите треба опфатат појави кои се релевантни, важни и оригинални, и кои се од значење не само за матичната земја туку и за најмалку уште една земја од регионот и од Европската унија.

Кандидатите избрани од стручната комисија, ќе добијат стипендија за школување во износ од 2000 евра, стипендирање на патните трошоци во висина од 2000 евра, и воедно, ќе бидат дел од семинарите за професионален развој во Виена и во регионот.
Изработените стории ќе бидат објавени на англиски и на локалните јазици, во повеќе онлајн и печатени медиуми во регионот и во Европа. Исто така, најдобро оценетите три стории ќе бидат парично наградени со 4.000 €, 3000 € и 1000 €.

Повеќе информации околу годинешната програма и начинот на пријавување можете да добиете на следната веб страница:
http://fellowship.birn.eu.com/en/fellowship-programme/topic-2012-communities-apply-now