Доделување на новинарските награди „Најдобра истражувачка сторија за 2011 година“

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми, на 30 март (петок), во Клубот на новинарите, со почеток во 11 часот, ќе ги додели наградите за „Најдобра истражувачка сторија за 2011 година".

На годинешниот конкурс се пријавија 22 автори со вкупно 146 текстови и ТВ прилози кои беа објавени во печатените и во електронските медиуми во текот на минатата година.

Наградата се доделува традиционално веќе единаесет години како дел од заложбите за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава. И оваа година организацијата на наградата е целосно финансирана од Македонскиот институт за медиуми.

Медиумската промоција за наградата беше помогната од дневните весници Дневник и Коха.