Објавен конкурсот за Европската награда за новинарство за 2012

Се чита за 1 мин.

Седум од најистакнатите медиумски фондации во Европа го објавија конкурсот за Европската награда за новинарство за 2012 година, со цел да се награди квалитетот во новинарството во сите 47 земји во Европа. Тие веруваат дека оддавајќи признание на сериозното пишување и известување - во печатено издание или на веб-сајтот на весникот - може да се помогне во зголемувањето на улогата на новинарството како витален бранител на слободите на демократијата.

Во првата година од доделувањето, четири награди, секоја во висина од 10,000 евра, ќе бидат доделени во следниве категории:

  1. Награда за уредување - За уредникот за кого судиите сметаат дека најмногу придонел за јавна дебата и јавното разбирање;
  2. Награда за коментатор - за пишувач на фичери, колумнист или коментатор, кој има направено најмногу за да расветли витални прашања за неговите читатели;
  3. Награда за новинарско известување – За репортер, или специјалист - експерт, чија работа има направено решавачко влијание;
  4. Награда за иновација - За извонредна иновација на годината - преку печатена или дигитална форма: нешто што дава значаен придонес за иднината на новинарството

Пријавувањето за овогодинешниот конкурс е отворено од 1 јули и се затвора на 26 октомври, 2012 година. Победниците, оценувани од страна на истакнати панелисти од различни делови на Европа под раководство на сер Харолд Еванс, главен уредник од Фондацијата Томсон Ројтерс и поранешен уредник на лондонскиот Сандеј тајмс, ќе бидат објавени во јануари и ќе ги презентираат наградените дела на конгрес на европските медиумски фондации, кој ќе се одржи на 26 февруари 2013 година во Дебатниот центар „Де Бали“ во Амстердам.

Основачи на наградата се:

• The Guardian Foundation – Велика Британија
• The Thomson Reuters Foundation – Велика Британија
• Stichting Democratie en Media – Холандија
• Vereniging Veronica – Холандија
• The Jyllands-Posten Foundation (Данска)
• The Politiken Foundation (Данска)
• The Media Development Loan Fund (Чешка)

За дополнителни и практични информации, повеќе на: www.europeanpressprize.com