Веб платформата АКТИВ и официјално пред публиката

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми, на 19 септември 2012г (среда), ќе ја промовира он-лајн платформата за граѓански активизам од областа на човековите и малцинските права - “АКТИВ“ (www.aktiv.org.mk). Промоцијата ќе се одржи во Клубот на новинарите во Скопје, со почеток во 19 часот.

АКТИВ е комбинација на граѓански медиум, блог и социјална мрежа. Целта на платформата е да го поттикнува граѓанскиот активизам, преку создавање на оваа он-лајн заедница, меѓусебно помагање и поддршка на активистите, креирање на мултимедијални веб содржини (текстови, видео, аудиоподкасти, создавање на он-лајн петиции, каузи, истражувања, итн.) поврзани со човековите права и правата на малцинските групи во земјата, како и поврзување и промовирање на овие содржини преку социјалните мрежи, другите веб платформи, но и во традиционалните медиуми.

Веб-страницата е создадена во рамки на регионалниот проект за поддршка на медиумски проекти фокусирани на човековите и малцинските права, што се спроведува од Интерњуз.

Повеќе информации можете да добиете на: www.aktiv.org.mk