Стипендиска програма за млади истражувачи во Прага, пријавување до 16 декември

Се чита за 0 мин.

Претставници на невладини организации, индивидуални истражувачи и новинари од Македонија, на возраст од 20 до 35 години, може да се пријават за тринеделната програма за млади истражувачи, во рамки на Вишеград-Балканскиот фонд за јавни политики.

Програмата ќе се реализира од 5 до 25 јануари 2014г., во Прага, а крајниот рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 16 декември 2013 година. Трошоците за патување и престој за избраните учесниците ги обезбедуваат организаторите на програмата.

Повикот за апликации заедно со формуларот за аплицирање и описот на програмата се прикачени во прилог.

За повеќе информации можете да контактирате со Дениза Бундалевска, преку е-пошта: dbn@balkancsd.net , или на тел: + 389 (0)2 614 42 11.