ИРЕКС: Конкурс за Програмата за лидери во медиумите во Македонија

Се чита за 0 мин.

Новинари и медиумски професионалци, најдоцна до 18 декември 2015, може да се пријават на конкурсот за Програмата за лидери во медиумите во Македонија, што ја спроведува ИРЕКС.

Целта на Програмата е да помогне во зајакнување на медиумскиот сектор во Македонија преку професионален развој на новинарите и медиумските професионалци, развивање на нивните лидерски вештини и надградба на професионалните мрежи во медиумската сфера.

Програмата која ќе се реализира во САД, во периодот помеѓу август и декември 2016 година, е финансиски поддржана од одделот за односи со јавност при Амбасада на САД во Република Македонија.
Повеќе информации околу критериумите и начинот на пријавување можете да добиете на следниот линк.