Повик до граѓанските организации за поднесување проекти за поддршка на медиумскиот интегритет

Се чита за 1 мин.

Медиумската опсерваторија на Југоисточна Европа објавува повик до граѓанските организации за поднесување предлог-проекти што ќе бидат фокусирани на спроведување кампањи за подигнување на јавната свест и застапување, како и за организирање акции со цел поддршка на независни, плуралистички и одрживи медиуми во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија.

Граѓанските организации, како што се професионалните здруженија, групите за застапување, истражувачките институти, организациите за човекови права и други граѓански организации кои работат во медиумската сфера, се поканети да предложат активности во времетраење од 3 до 6 месеци коишто ќе се спроведат во текот на 2014 година. Вкупниот износ на расположливи средства за овој повик е 25.000 евра, додека, пак, максималниот износ на грантови по земја е 5.000 евра. Крајниот рок за пријавување е 28 февруари 2014 година.

Повикот го објавува Центарот за независно новинарство од Будимпешта, а финансиската поддршка ја обезбедува Европската Комисија.

Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање може да најдете во документите кои се прикачени во прилог.

Фокусот на повикот е медиумскиот интегритет. Медиумскиот интегритет ги опфаќа сите квалитети на медиумскиот систем кои им овозможуваат на медиумите да мѕ служат на јавниот интерес и демократиката.

Проектот ја истражува ситуацијата во следниве поголеми области на медиумскиот интегритет:

- развивање и имплементација на медиумски полиси;

- медиумски структури и институции (медиумска сопственост и финансии, јавни сервиси и емитирање);

- статусот и ситуацијата на новинарите;

- новинарски и медиумски пракси (методи и етика во собирањето и презентирањето на содржината).

 

Акции кои ќе бидат поддржани:

- Дебати, предавања, презентации на локални настани (конференции, работилници, семинари, дискусии) поврзани со медиумскиот интегритет;

- Покана до странски експерти и медиумски работници да зборуваат на такви настани;

- Средби со засегнатистрани и центри на одлучување (на пример професионални организации, синдикати, регулаторни комисии, членови на парламентот, владата, легислативата) да се дискутираат правните мерки и другите механизми кои се потребни за да се заштити медиумскиот интегритет;

- Launch of media policy initiatives aimed at strengthening media integrity (на пример: развивање на акциони планови или предлози за медиумска саморегулација, емитирањето нс јавниот сервис, медиумска писменост, медиумска транспарентност);

 

Call for proposals (PDF)

Budget template (Excel)

Application form (Word)

Statement to be signed by the legal representative on the financial and legal situation of the applicant organization (Word)