Грантови за новинари од Македонија, Србија и Црна Гора

Се чита за 0 мин.

По повод двестегодишнината од донесувањето на норвешкиот Устав, амбасадата на Норвешка во Србија објавува повик за доделува грантови за поддршка на професионалното новинарство во Србија, Црна Гора и Македонија.

Програмата обезбедува индивидуални гранови, но исто така е отворена и за тимови на новинари кои треба да предложат проекти за подготовка на стории поврзани со владеење на правото. Финансиската поддршка која се движи од 3.000 до 10.000 евра, е наменета за реализација на предложените идеи и за презентација на финалните стории во јавноста.


Повикот е отворен за сите заинтересирани новинари од Србија,
Црна Гора и Македонија, кои имаат најмалку 3 години професионално искуство во медиуми.


Целосни информации околу критериумите, начинот на пријавување и приоритетните области во контекст на владеењето на правото, може да добиете на следниот линк:

http://www.norveska.org.rs/Documents/Beograd/140226%20Call%20for%20Journalists.pdf

Крајниот рок за пријавување на потенцијалните кандидати е 31 март 2014 година.