„Радикална демократија“ – Видео конкурс за отворено општество

Се чита за 0 мин.

Мрежата „Doc Next ги повикува креаторите на медиумски содржи, активистите и критичарите на општествените збиднувања да ги споделат своите ставови на видео конкурсот „Радикална демократија“.

Конкурсот е отворен за сите заинтересирани од цела Европа, кои може да пријават видео клипови во сите жанрови и визуелни форми, не подолги од 5 минути. Организаторите ги охрабруваат заинтересираните апликанти да снимат видео клипови специјално за овој конкурс, но, исто така може да се пријават и со видео материјали кои се снимени во последните 2 години.

Видеата треба да понудат одговори на прашањата – како да се создаде отворено и инклузивно општество и што е она што треба да се менува. Тие треба да го предизвикаат актуелното поимање на демократијата и претставувањето, но и да понудат алтернативи.

Онлајн публиката и стручно жири ќе ги изберат најдобрите видеа кои ќе бидат наградени за време на филмскиот фестивал „Planete+Doc“, што ќе се одржи во Варшава, на 16 мај 2014 година. Најдобрите 5 кандидати ќе добијат парична награда во износ од 2500 евра, а уште 5 апликанти ќе бидат наградени со 1000 евра. Победничките видеа ќе се прикажуваат на различни фестивали и платформи ширум Европа и ќе станат дел од онлајн колекцијата на „Doc Next“.

Рокот за аплицирање трае до 13 април 2014 година.

Повеќе информации за конкурсот и начинот на аплицирање може да најдете на следната веб страница:

http://challenge.docnextnetwork.org/#top