Обука за грантисти за административно и финансиско водење на европски проекти

Се чита за 0 мин.

Обука за административно и финансиско водење на европски проекти, беше организирана од страна на МИМ за претставници од невладините организации кои се доботници на грантови во рамки на проектот #Реформедиа – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медумската сфера.

Грантовите ги добија медиумските организации Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници, Совет за етика на медиумите во Македонија, Центар за медиумски иницијативи и „Сакам да кажам“, кои во следната година ќе спроведуваат проекти поврзани со работничките права во медиумите, саморегулацијата и истражувачкото новинарство.

Овие организации, со своите активности ќе придонесат за остварување на главните цели на проектот кои се однесуваат на зголемување на влијанието на  граѓанското општество во развојот на јавните политики за медиумски реформи, како и подобрување на правната и институционалната средина за функционирање на слободни и професионални медиуми.