Отворен конкурсот за програмата „Известување за економски и политички теми од Југоисточна Европа“

Се чита за 0 мин.

Курсот ќе ги опфати следните теми:

  • Пишување за пазарните економии во развој
  • Известување за пазари и за компании
  • Практични вежби, засновани на актуелни европски теми

Апликантите треба да зборуваат англиски јазик, професионално да се занимаваат со новинарство, да имаат најмалку две години работно искуство во весник, веб страница, радио или телевизија. Заинтересираните треба да имаат искуство во покривање на економски теми или поинаку да го демонстрираат своето интересирање за економски или политички прашања. Програмата е отворена за новинари од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија или Словенија. Тие мора да имаат дозвола од своите работодавци за да учествуваат во програмата.

 

Краен рок за аплицирање е 6 март 2009.

За повеќе информации околу условите за аплицирање, како и за адресата каде да се испратат апликациите може да најдете на следните линкови:

http://www.bosch-stiftung.de/content/language2/html/11260.asp

http://www.bosch-stiftung.de/content/language2/downloads/Call_for_Applications.pdf