На програмата може да аплицираат вработени, но и фриленс-новинари кои имаат неколкугодишно професионално искуство. Најважен елемент од апликацијата ќе биде експозето за научен-новинарски истражувачки проект, што треба да се спроведе во Берлин. Апликациите може да се поднесуваат на германски или на англиски јазик.
Meѓународниот центар за новинарство ги нуди следните стипендии:
- Стипендии за помлади новинари кои доаѓаат од Централна и од Источна Европа и имаат околу петгодишно професионално искуство. Тие ќе добиваат месечна стипендија од 800 до 1,000 евра во времетраење од 10 месеци.
- Стандардни стипендии за новинари со најмалку 5-годишно искуство, кои ќе добиваат од 1,100 до 1,500 евра месечно во времетрање од 10 месеци.
- Стипендии за искусни новинари кои имаат завршено докторски студии и доаѓаат од земјите на поранешниот Советски Сојуз, Франција, Велика Британија и САД. Месечните стипендии ќе изнесуваат 1,300 евра, со обезбедено сместување, во времетраење од 12 месеци. Апликантите треба да ги поденесат следните документи на германски јазик: пополнета апликација, CV, експозе за истражувачкиот проект и рецензија на експозето напишана од експерт или од професор.
Краен рок за пријавување за сите стипендии е 1 ноември 2009.
Повеќе информации за стипендиите, условите и документите за аплицирање може да најдете во следните документи: