Медиумската саморегулација и е неопходна на Македонија

Се чита за 1 мин.

Ова се заклучоците од тркалезната маса „Редакциски механизми и саморегулација во медиумите во Македонија“ што се одржа на 20 октомври 2009 година во организација на Македонскиот институт за медиуми, а во соработка со Здружението на новинарите на Македонија.

 Овој настан се спроведува во рамките на регионалната програма за медиуми и граѓанско општество во Југоисточна Европа, насловена како „Поддршка за усогласување со стандардите на ЕУ“, која се имплементира од страна на УНЕСКО. Samoregulacij1

На тркалезната маса во Скопје, освен претставници на МИМ, ЗНМ и Советот на честа при ЗНМ, свои излагања имаа и експертот Роберт Пинкер од Комисијата за жалби против печатот од Велика Британија, како и Огњан Златев, директор на Центарот за развој на медиумите од Софија. На настанот присуствуваа и претставници на медиумите, на Советот за радиодифузија, ГИФИК, меѓутоа не се појавија повеќе медиумски сопственици и уредници, кои можат да дадат значаен придонес кон оваа иницијатива.

Според Пинкер, македонските аспирации за влез во Европската унија и наложуваат на државата да достави доказ за функционирање на демократијата, што подразбира и слободни и одговорни медиуми. Во тој контекст, постоењето на саморегулаторно медиумско тело гарантира заштита на медиумската слобода, како и заштита на јавноста од медиумска злоупотреба, истакна Пинкер.

Samoregulacija3Огњан Златев, пак, рече дека не постои универзален модел на саморегулација во Европа, исто како што не постои единствен начин на финансирање на саморегулативните тела. Сепак, тој посочи дека најдобриот модел ги вклучува новинарите, издавачите, сопствениците на медиуми и јавноста. Македонија, според него, треба да оформи саморегулаторно тело кое најмногу ќе одговара на потребите на локалната медиумска заедница.

„Постоењето на саморегулаторно тело е неопходно зашто го подига кредибилитетот на медиумите, го минимизира бројот на судски случаи против новинарите и помага при разрешување конфликти меѓу медиумите и јавноста“, заклучи Златев.