Независната сцена има цена

Се чита за 0 мин.

Независната културна сцена се повеќе зема замав во исполнување на мисијата за отворање на општествено важни теми. Соочени со низа проблеми на патот кон целта, граѓанските организации за култура и уметност немаат намера лесно да се откажат во промоцијата на алтернативната сцена како пандан на комерцијалната. Оваа видео сторија потврдува дека само со помош на странските фондации културните и уметничките независни работници можат да испливаат на површина, да го изразат својот квалитет и знаење и да влијаат врз општествените процеси. Соговорниците од „Локомотива“, „Таксират“ и МКЦ Битола очекуваат посветли денови за алтернативната културна сцена.

Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.

civica mobilitas logoСторијата е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.