Новинарството не е во карантин

Македонскиот институт за медиуми ја покренува иницијативата „Новинарството не е во карантин“ со цел на пошироката јавност да ѝ се претстави како функционираат новинарите и редакциите во време на кризата предизвикана од корона вирусот.

Како дел од иницијативата, МИМ во следниот период ќе поддржи и презентира серија содржини за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат новинарите и редакциите при известувањето, за трансформацијата на секојдневните работни рутини со цел да се биде на висина на задачата, како и за трендовите во информирањето за различни општествени сфери во текот на кризата.

Иницијативата се спроведува во рамки на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“, што го спроведува Албани асошиејтс, заедно со регионални организации за развој на медиумите, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми. Проектот е финансиран од Британската влада.

Медиумските содржини продуцирани во рамки на иницијативата се единствена одговорност на автoрите, и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на МИМ, Албани асошиејтс и/или на Британската влада.