„Fakespotting“ - Лажното, науката и знаењето

Се чита за 3 мин.

Дигиталната и информациската писменост е збир на интегрирани способности што опфаќаат рефлективно откривање и процена на информациите, разбирање на информациите и критичка процена на изворите.

Taa е директно поврзана со можноста за вработување на поединецот, задржување на работното место или напредување во кариерата. Во програмата за меѓународна процена на компетенциите на возрасните (ПМПКВ) се наведува дека 20-25 % од возрасната популација во Европа на возраст од 16 до 65 години со ниско ниво на дигитална информациска писменост се соочува со поголем ризик од невработеност и социјална исклученост. Затворањето на дигиталниот родов јаз е од особена важност на дигиталниот пазар на труд. Во ЕУ помалку од еден од пет професионалци во областа на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) се жени.

Ваквите проблематики сериозно влијаат и врз демократското учество на европските граѓани, бидејќи дигиталната писменост е силно поврзана со способноста за откривање на дезинформациите.

Оваа тема е во фокусот на проектот Fakespotting, финансиран од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус+, стратешки партнерства во високото образование, кој го спроведува конзорциум предводен од Алма матер студиорум – Универзитетот на Болоња, Италија. Партнер од Северна Македонија во проектот e Универзитетот на Југоисточна Европа. Другите партнери во проектот се: Универзитетот Лојола Андалузија и Инкома во Шпанија, Глобсек и Универзитетот Матеш Бел во Словачка, Универзитетот на Тирана во Албанија, Новосадска новинарска школа во Србија и Пагела политика во Италија.   

Преку проектот Fakespotting ќе се имплементираат комплетно нови алатки за иновации во областа на високото образование и во областа на образование на возрасните, овозможувајќи распоредување оригинални содржини на дигитална и информациска писменост, процени и пакет алатки за справување со неусогласеноста на вештините, со цел подготвување на студентите и на нискоквалификуваните возрасни лица за работни места каде што постои недостиг или веќе се појавува.

Fakespotting

Во рамки на проектот ќе бидат спроведени истражувања, анкети и интервјуа на пазарот на трудот, една меѓународна обука, 5 транснационални проектни состаноци, 9 локални пилот-проекти што ќе обезбедат иновативни вештини за дигитална писменост на 150 студенти, 50 професори од високообразовни установи, 40 невработени возрасни лица и 8 надворешни организации за образование на возрасни, промовирање на резултатите преку 8 мултипликативни настани и широка онлајн дисеминација. Проектот има за цел да ги постигне следниве 4 резултати: 1) веб-базирано учење за информации, медиумска писменост и проверка на фактите; 2) пакет-алатки за методите за проверка на фактите поврзани со потребите и методите на пазарот на трудот, со цел вклучување на дигиталните вештини во академските програми и алатки за препознавање; 3) упатство за медиумска и информациска писменост и национални студии на случаи за онлајн дезинформации; и 4) алатка за дигитална процена што поттикнува методологии за следење на подобрувањето на вештините на студентите во високото образование. Во продолжение следува детален опис на очекуваните резултати.

Состанокот за отпочнување на проектот се одржа на ноември 2020 година на виртуелна платформа поради состојбата со ковид-19. Настанот овозможи да се даде преглед на проектот, почнувајќи од согледувањето на напорите на Европската Унија уште од 2015 година за справување со лажните вести, рамката за дигитално образование на граѓани и едукатори воспоставена од Комисијата како и Планот за дигитално образование, родовата поделба и несовпаѓањето помеѓу дигиталните вештини во Европа, потребите на пазарот на трудот и  влијанието  на недостатоци во обликувањето на резултатите од проектот. На презентацијата, исто така, беа земени превид целите, активностите за подготовка, потребната документација и оперативните активности за правилно спроведување на проектните активности, обуките и промотивните потфати. Особено внимание беше посветено на конфигурацијата на настанот за обука на заедничкиот кадар како суштински момент за проектот. Во текот на 34 месеци колку што и трае проектот, ќе бидат развиени почетните верзии на четирите интелектуални продукти.

Вториот транснационален состанок на проектот се одржа во Тирана во јули, а третиот ќе се одржи во Тетово во март 2022 година. Овие состаноци претставуваат водечки настани за споделување на напорите помеѓу партнерите и координирање на работата на европско и на локално ниво. Важен дел од активностите на проектот е и 5-дневната обука за одбележување ќе се одржи во Севиља во септември 2022 година, со цел финализирање на првата верзија на веб-базирано учење и алатката за процена, со цел да им се овозможи на сите вклучени организации да ги спроведат локалните пилот-проекти во текот на следните месеци. Пилот-проектите ќе овозможат проектот да досегне до надворешните корисници (професори и студенти во високообразовните установи, невработени возрасни лица со ниски квалификации и едукатори на возрасни лица) и да се тестира иновативната страна на продуктите на терен, подобрувајќи ја  дигиталната и информациска писменост на главните целни групи и засегнатите страни.

Повеќе информации за проектот можат да се најдат на веб-страницата: https://site.unibo.it/fakespotting-project/en или на социјалните мрежи на проектот: Facebook и Twitter.

Истражувачкиот тим што работи на проектот е дел од Media Literacy & Disinformation Research Cluster, кој функционира во рамките на Институтот „Макс ван дер Штул“ во Универзитетот на Југоисточна Европа.

Автор: Албулена Халили, истражувач и координатор на проектот Fakespotting, Институт „Макс ван дер Штул“, Универзитет на Југоисточна Европа

 Насловна фотографија: Unsplash.com