Martesa 1200x630 1 1

КОГА ДЕЦАТА РАЃААТ ДЕЦА! Бракови под 18 години, случаи во Македонија и Косово

Се чита за 8 мин.

Во Северна Македонија во 2020 година се регистрирани 16 живородени од мајки под 15 годишна возраст, додека претходната година се регистрирани 19 случаи. Во 2020 година се регистрирани  540 живородени од мајки помлади од 18 години, а претходната година се регистрирани 555 живородени. Речиси иста е состојбата и во Косово - само во 2020 година се регистрирани 65 раѓања од мајки помлади од 18 години. Една година подоцна, поточно во периодот јануари-септември 2021 година, се родиле 36 бебиња. Психолозите алармираат дека последиците од раните бракови можат да бидат многубројни

Скопје-Приштина, март 2022 година - Неписменоста, сиромаштијата, менталитетот... се претпоставува дека се главните двигатели што ги принудуваат малолетниците да стапат во брак на рана возраст. И покрај тоа што трендот на овие бракови бележи благ пад, во Северна Македонија остануваат загрижувачки бројките за оваа возрасна група, која сочинува речиси 10 отсто од вкупниот број склучени бракови што се склучуваат во текот на една година. Само минатата година бројот на склучени бракови на возраст до 18 години изнесува 143, бројка која е помала од другите години, но соодветствува со намалувањето на вкупниот број на склучени бракови (од 13.814 во 2020 година, на 10.278 во 2021 година). Од друга страна, бројот на живородени деца од малолетни мајки бележи зголемување и покрај негативниот тренд на раѓања во земјава. Децата родени од малолетни мајки сочинуваат речиси десет проценти од вкупниот број бебиња.

Во 2020 година се регистрирани 19 живородени деца од мајки на возраст под 15 години, додека претходната година 19.   Во 2020 година се регистрирани 540 живородени деца од мајки помлади од 18 години, а претходната година се регистрирани 555 живородени деца. За да се види напредокот на оваа појава, Државниот завод за статистика објави мултииндикаторско кластерско истражување на мажените жени (20-24 години) од кои 8 отсто биле во брак пред да наполнат 18 години, додека 1 отсто од нив биле помлади од 15 години. Друга возрасна група (20-49) има поголем процент на жени омажени на возраст под 18 години (10 проценти), што покажува дека феноменот на малолетнички бракови се бележи пад со текот на годините.

Резултатите покажуваат дека процентот на мажените жени помлади од 18 години кои следеле високо образование е мал (само еден процент), додека 25 отсто од најсиромашната категорија на жени се омажиле на малолетна возраст, во споредба со најбогатата категорија  само 2 отсто од нив“, констатира ДЗС. Резултатите за мажените жени под 15 и 18 години во различни возрасни групи овозможуваат да се забележат брачните трендови на малолетниците низ годините. Овие трендови покажуваат постојан пад, додека последно време се чини дека овој пад стагнира, се наведува дополнително во истражувањето.

„Бракот на возраст под 18 години е реалност за многу млади девојки. Во многу делови од светот, родителите ги поттикнуваат своите ќерки да се омажат додека се уште се мали, со надеж дека бракот ќе им донесе и финансиски и социјални придобивки и истовремено ќе го олесни финансискиот товар на семејството. Всушност, се работи за малолетен брак кој претставува кршење на човековите права, го нарушува развојот на девојчињата и често резултира со рана бременост и социјална изолација, недоволно образование и слаба стручна обука, со што се консолидира родовата природа на сиромаштијата“, се вели во истражувањето на ДЗС во соработка со УНИЦЕФ.

ПОСЛЕДИЦИ ОД БРАКОВИТЕ НА РАНА ВОЗРАСТ

Од социолошка перспектива, психолозите велат дека последиците од раниот брак може да бидат повеќебројни. „Во извештајот е наведено дека кај раните бракови паровите се уште се психолошки незрели, има многу разводи, насилството често е поголемо и физички и психички, жената главно зависи од приходите на сопругот или семејството на сопругот, „Рана и несакана бременост, проблеми со бременоста каде што тоа може да резултира дури и со смрт на детето, па дури и на мајката, бидејќи во биолошкиот конструкт - телото на малолетното лице сè уште не е подготвено да раѓа деца“, вели психологот Луљета Демоли, додавајќи дека последиците се и други како сексуално преносливи болести, депресија, страдање, анксиозност, фобија, социјален и психолошки херметизам, криза на личноста - нестабилна личност, ментално растројство... па се до самоубиство кое може да биде фатално како резултат на постојани закани, недостаток на поддршка од семејството итн.

„Овој феномен, за жал, сè уште продолжува да биде присутен во нашето општество и како таков претставува не само дискриминација на жената, туку и социјален херметизам, опструкција на младите да си ја изберат судбината, како и во правна смисла е незаконско, се санкционира и со закон. А во однос на спечување на оваа појава, сметаме дека ќе треба да има општа свест за оваа појава; да има соодветни програми во училиштата, да има семинари или конференции за оваа појава; да има поздрава комуникација во семејството; да има поизразена соработка помеѓу родителите и другите институции; да има повеќе програми за оваа појава во националните медиуми; и да се посвети посебно внимание на оваа појава (да се консултираат психолози, социолози) итн“, вели Демоли.

ЗА ЕДНА ГОДИНА 80 БРАКОВИ ПОД 18 ГОДИНИ

Дури и во Косово загрижувачки е бројот на девојчиња помлади од 18 години кои влегуваат во брачните води и веднаш стануваат мајки. Во Универзитетскиот клинички центар на Косово, односно во Гинеколошката клиника, само во текот на 2020 година се регистрирани 65 живородени деца од мајки под 18 години. Податоците на ЦУКК покажуваат дека во 2020 година се родени 9985 бебиња, од кои 85 од малолетни мајки. При тоа, во текот на минатата година, поточно во периодот јануари-септември 2021 година, се регистрирани 7176 живородени, од кои 36 се од малолетни мајки. Косовскиот центар за родови студии известува дека во период од една година во Косово настанале околу 80 предвремени бракови, т.е. бракови на лица помлади од 16 години.

„Раните бракови во Косово се забранети со закон, но има член во Законот за брак со кој се дава право на стапување во брак со согласност на родител или старател, т.е. бракот е дозволен под државен надзор. Но, овој член е злоупотребен многу во Косово и има околу 80 бракови кои се склучуваат во текот на една година на лица под 16 години, и Косово влегува во земји каде што не се почитува законот. Раните бракови почесто се случуваат во ромските, заедници - ашкалии и египчани, но не се исклучени и другите заедници“, се вели во извештајот на Косовскиот центар за родови студии.

Последиците од раните бракови, како што се наведува во овој Извештај, се големи. „Последиците се големи, носат високи здравствени ризици, породување на млада возраст, осипување, а овие жени речиси никогаш не се вработуваат. Земајќи го предвид трендот на раните бракови на ромските, ашкалиската и египетските заедници, организацијата „The Ideas Partnership“ спроведе истражување во една населба во Косово Поле каде што живеат овие заедници. Како резултат на истражувањето, излегува дека од околу 500 лица од ромската, ашкалиската и египетската заедница на Косово Поле, 53,57% од нив стапуваат во брак на возраст под 18 години. Додека, 99% од нив го напуштаат училиштето по стапувањето во брак. Според истражувањето на оваа организација, девојките се оние кои стапуваат во брак на возраст под 18 години, односно 65% од испитаниците. Повеќето од нив стапуваат во брак доброволно, но има и такви кои се принудени од родителите.

Во меѓувреме, според Детскиот фонд на Обединетите нации, УНИЦЕФ, девојче под 15 години е пет пати повеќе изложено на ризик да умре за време на бременоста или породувањето отколку жена во нејзините 20-ти. Кога мајката е помлада од 18 години, шансата нејзиното бебе да умре во текот на првата година е за 60 проценти повисока отколку бебето кое е родено од мајка над 19 години. Дури и извештаите на меѓународната организација за деца „Save the Children“, покажуваат дека ако се гледа од глобална перспектива, секои 7 секунди се омажува девојка помлада од 15 години. Студиите на оваа организација откриваат дека има и 10-годишни девојчиња кои се принудени да се омажат за многу постари мажи во земји како Авганистан, Јемен, Индија и Сомалија.

ПРЕПОРАКИ ОД УНИЦЕФ

УНИЦЕФ пред две години издаде конкретни препораки до институциите за спречување на малолетнички бракови, т.е. бракови под 16 години. Препораките за кои станува збор се исти за речиси сите балкански земји, вклучувајќи ги Северна Македонија и Косово. За прекршувањата во Кривичниот Законик во однос на раните бракови, се наведува во првата препорака на УНИЦЕФ, се гони кривично „по службена должност“ (автоматски) и укинување на „традицијата“ како изговор за оправдување за неуспехот да се имплементира постојната законска рамка. „Ревидирањата на Законот за семејство треба да разјаснат: дали децата после бракот стануваат полнолетни или остануваат деца; улогата и мандатот на Органот на старателството во однос на раните бракови; како и законските и управните процедури преку кои се донесува решението за дозволување на брак на дете. Во овој случај треба да се земат предвид бариерите за пристап до услуги за репродуктивно здравје. Воспоставувањето на мултисекторски механизам и вклучувањето на релевантните носители на одлуки ќе обезбеди заштита на правата на малолетниците во раните бракови. „Преку овој механизам би им се овозможило на мажите и на жените да го продолжат своето образование преку давање совети за брачни односи, имотни права и права за репродуктивно здравје“, стои во препораките на УНИЦЕФ.

Подигнување на свеста за правата и опциите за оддалечување од семејното насилство, според УНИЦЕФ треба да се однесува на општеството во смисла на спречување на семејното насилство и особено информациите за помош да им се даваат на преживеаните од семејното насилство. „Министерствата за образование треба да воспостават процедури за продолжување на задолжителното основно и средното образование. Ова вклучува воспоставување на такви процедури меѓу релевантните носители на одлуки за следење и пријавување на случаите за напуштање на образованието, потенцијалното и реалното. Специфичната социјална помош за образование (на пр. транспорт, облека, книги) може придонесе кон намалување на осипувањето, да ја поттикне сиромашната категорија да следи образование, и да помогне да се спречат детските бракови, особено кај Ромите, Ашкалите и Египќаните.“

УНИЦЕФ повикува на координација помеѓу наведените институции (полицијата, училиштата и центрите за социјална работа) за да се разјасни нивниот мандат и прашањето за следењето и одговорностите поврзани со раните бракови преку меморандуми за разбирање. „Во согласност со законот, МОН треба да вклучи и одредени теми во наставната програма со кои ќе се дадат детални информации за репродуктивното здравје, вклучително и контрацепција, планирање на семејството и репродуктивните права. Невладините организации треба да продолжат да обезбедуваат информации преку медиумите и да се фокусираат на младите луѓе во заедниците каде што постои сомнение дека раните бракови се  позастапени. „Телевизијата може да биде ефикасна во пренесувањето информации за правата на жените и девојките кои немаат пристап до информации“, се вели во некои препораки на УНИЦЕФ.

БРАКОВИ НА РАНА ВОЗРАСТ РИЗИКУВААТ РАЗВОД

Според студијата спроведена од списанието „Time” жените кои чекаат до 26 години за да стапат во брак имаат поголема веројатност да имаат долгорочен брак. Според подастоците од Централниот регистар, најголем број разводи има кај жените кои стапиле во брак на возраст од 15-20 години. А податоците се анализирани од страна на социологот на Универзитетот во Мериленд, Филип Коен, тој вели дека во просек овие бракови, наречени и „рани бракови“ траат од една до 10 години. Во една студија од 2018 година беше наведено дека идеалната возраст за луѓето да имаат долг и успешен брак е помеѓу 28-32 години. “Times” ја спроведе оваа студија за браковите врз основа на друга студија каде што истражуваше како бракот веќе се променил како институција и какви се шансите за траен брак.

2020 ГОДИНА - ЖИВОРОДЕНИ ОД МАЛОЛЕТНИ БРАКОВИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Број на живородени од мајки под 15 години: 16 живородени
  • Број на живородени од мајки под 18 години: 540 живородени
  • 2021 ГОДИНА - ЖИВОРОДЕНИ ОД МАЛОЛЕТНИ БРАКОВИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
  • Број на живородени од мајки под 15 години: 19 живородени
  • Број на живородени од мајки под 18 години: 555 живородени

 

Автори: Ведат МЕМЕДАЛИУ и Фисник КРАСНИЧИ

 


eu flag webОвој текст е поддржан преку регионалната програма „Отпор кон дезинформации и говор на омраза: Акција на граѓанското општество за реафирмирање на слободата на медиумите и спречување дезинформации и пропаганда за ширење омраза во земјите од Западен Балкан и во Турција“, што се спроведува со поддршка од Европската Унија, од страна на партнерските организации од регионот: СЕЕНПММакедонски институт за медиумиАлбански медиумски институтМедиацентарКосово 2.0Црногорски институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировен институт и Бианет.

Содржините во текстот се единствена одговорност на авторите и  и во никој случај не може да се смета дека ги одразуваат ставовите на Европската Унија.