Повик за доделување мали грантови за граѓански организации

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Охрид институтот за економски стратегии и меѓународни односи (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ објавуваат:

П О В И К

За аплицирање за мали грантови (до 180.000 денари) за граѓански организации за спроведување на проекти за спречување на конфликтот на интереси и корупцијата во јавната администрација на локално ниво.

Повикот е наменет за сите граѓански организации регистрирани на територијата на Република Македонија, во период не помал од две (2) години од денот на објавување на повикот.

Од организациите се очекува да спроведат истражувања на темите судир на интереси и корупција на локално ниво врз база на веќе утврдена методологија. Од организациите се очекува да подготват извештај за своите истражувања и да ги презентираат пред јавноста. Освен финансиската поддршка, проектните партнери за избраните грантисти ќе овозможат и две обуки со цел поуспешно спроведување на проектите: 1) Обука за истражувачки методи и изработка на извештаи од истражувањата и 2) Обука за дисеминација на истражувачките резултати. Организациите ќе бидат поддржани и преку менторирање од страна на проектните партнери.

Краен рок за доставување на апликациите е 11 јули 2014 година, на адресата povici@idscs.org.mk

Целосен текст на повикот

Формулар за аплицирање

Методологија за истражување на судир на интереси и корупција на локално ниво

 

Проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси во јавната администрација“ е финансиран од Европската Унија, во рамки на програмата IPA Civil Society Facility