Повик до граѓанските организации за акции поврзани со медиумско застапување

Се чита за 1 мин.

Медиумската oпсерваторија на Југоисточна Европа ги поканува заинтересираните граѓански организации да аплицираат со предлог- проекти поврзани со спроведување кампањи за подигање на јавната свест и застапување, како и со спроведување активности чија цел е да се поддржат слободните, независни, плуралистички и одржливи медиуми во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Краен рок за аплицирање е 25 јули, 2015 година, до 24 часот.

Повикот се однесува на граѓанските организации специјализирани за медиуми, како што се професионалните асоцијации, групи за застапување, истражувачки институти, организации за човекови права и антикорупција и други НВОа, кои можат да предложат активности во времетраење до 6 месеци, што ќе бидат спроведени во 2015 и на почеток на 2016 година. Вкупниот износ на грантот за сите шест земји е 30,000 евра.

Максималниот износ на еден грант во секоја земја ќе изнесува 5,000 евра.

Апликациите треба да се достават на: seeapplications@cij.hu.

Оваа шема за поддршка е дел од втората фаза од регионалниот проект „Медиумска опвсерваторија на Југоисточна Европа – градење на капацитети и коалиции за следење на медиумскиот интегритет и унапредување на медиумските реформи“, чија цел е да го подобри интегритетот на јавните сервиси и на комерцијалните медиуми во Југоисточна Европа.

Во текот на првата фаза од проектот (2012-2015) што се фокусираше на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија, во рамки на проектот Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа, партнерите ги имплементираа следните клучни активности: национални истражувања за медиумскиот интегритет објавени во книгата Зошто е важен интегритетот на медиумите , со регионален преглед и поединечни извештаи од земјите; национални и регионални дебати за наодите поврзани со медиумскиот интегритет; создавање на регионалната интернет страница www.mediaobservatory.net; мали грантови за поддршка на новинарите истражувачи и продукција на истражувачки стории, како и за поддршка на акции на граѓански организации поврзани со застапување во насока на унапредување на медиумскиот интегритет.

Проектот е кофинансиран од Инструментот на Европската Унија за предпристапна помош (ИПА), преку Програмата за партнерство и поддршка на граѓанското општество. Во име на конзорциумот на проектот, Центарот за независно новинарство од Будимпешта ја администрира шемата за доделување грантови на граѓанските организации.

За детални информации и инструкции, преземете го Повикот за предлози. Предлозите треба да ги содржат следните документи, пополнети и потпишани од организацијата која се пријавува:
- Формулар за аплицирање
- Буџет
- Изјава потпишана од законскиот застапник на финансиската и правната состојба на организацијата која се пријавува.