Илјада депонии. Педесетина општински, но без дозволи за работа. Само една е легална и работи според стандарди. Македонија во ѓубре. Закони за заштита на животната средина има, реализација нема. Причина? Чини пари. Во државниот Буџет за оваа намена средства нема. Товарот ќе треба да го понесат граѓаните преку повисоките сметки за ѓубрарина. Но, политичар кој би донел ваква одлука, нема!
Видеото со превод на албански јазик е достапно ТУКА.
Видеото е изработена во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“, што го спроведува Македонскиот институт за медиуми во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.
Содржината на видеото е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.