Повик за новинари за учество во онлајн-сесија за справување со дезинформации во време на пандемијата со „КОВИД-19“

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми објавува повик за новинари за учество во 90 минутна онлајн-сесија посветена на справување со дезинформациите во време на пандемијата со „КОВИД-19“, која ќе се одржи на 7 мај (четврток) 2020 година, од 15:00 до 16:30 часот, преку онлајн-сервисот „Jitsi“.

Сесијата е одложена за 12 мај (вторник) 2020 година, од 15:00 до 16:30 часот.

Сесијата ќе ја води Јарослав Валух од организацијата „Transition Online“ од Прага, кој има долгогодишно искуство во областа на медиумската писменост, активизмот на социјалните медиуми, справувањето со дезинформации и говорот на омраза.

За време на сесијата ќе бидат опфатени следните теми:

  • како да се следат, анализираат и разобличуваат дезинформациите поврзани со коронавирусот;
  • алатки и постапки за верификација на информациите;
  • како новинарите може да соработуваат со другите актери – волонтери, студенти и ИТ-заедницата; и
  • како да им се помогне на граѓаните да се снајдат во хаосот од информации во време на криза и која е улогата на медиумската писменост.

Последните 20-тина минути од сесијата ќе бидат посветени на прашања и дискусија со учесниците. Сесијата ќе се реализира на англиски јазик со учество на новинари и претставници на медиумски организации од БиХ, Албанија, Србија, Црна Гора и С. Македонија.

Сите заинтересирани активни новинари од земјава може да се пријават за учество најдоцна до вторник, 5 мај 2020, преку е-пошта на: slavco@mim.org.mk

Учесниците кои ќе се пријават во предвидениот рок ќе добијат пристап за следење на сесијата преку онлајн-сервисот „Jitsi“.

Повеќе информации за предавачот Јарослав Валух може да прочитате тука.