Повик за учество на онлајн обука за медиумска и информациска писменост и продукција на медиумски содржини

Се чита за 0 мин.

lvnn

Македонскиот институт за медиуми организира обука за медиумска и информациска писменост и продукција на медиумски содржини наменета за претставници на граѓански организации од земјата. Обуката ќе се одржи на 15 октомври, 2020 година, од 10:30 до 13:45 часот, преку онлајн платоформата ZOOM.

Обуката е наменета за оние кои сакаат да ги унапредат своите познавања и вештини за концептот на медиумската писменост како и за продуцирање на медиумски содржини со користење на мобилен телефон (mobile journalism – MOJO).

Сите заинтересирани учесници може да се пријават преку е-пошта: ivonae@mim.org.mk најдоцна до петок, 09 октомври, до крајот на денот.

За дополнителни информации во врска со обуката, можете нѐ контактирате на: ivonae@mim.org.mk на телефонскиот број: 02 30 90 144.

 

eu flag webОбуката се организира во рамки на проектот „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите: Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за развој на медиумската и информациската писменост на Западен Балкан“ со поддршка на Европската Унија.