Второ издание на програмата за студенти по новинарство за дигитална медиумска продукција

Се чита за 0 мин.

cover 3 11 2020 6

Медиумската сцена и современите трендови во новинарството, од „другата страна“ на екранот, мобилен новинар=човек редакција, интернетот како извор на информации, една слика 1000 зборови. Ова беа само дел од темите на еднонеделната работилница, што ја организираше Македонскиот институт за медиуми во рамки на програмата за дигитална медиумска продукција, наменета за студенти по новинарство.

Годинава во програмата учествуваат студенти по новинарство од Правниот факултет „Јустинијан први“ и од Универзитетот „Мајка Тереза“ од Скопје. Тие, покрај учеството во работилницата што ја водеа истакнати новинари, уредници и медиумски професионалци, во следниот период ќе посетуваат тринеделна пракса во медиуми во земјава.

cover 3 11 2020 4

Еднонеделната работилница им овозможи на студентите да се запознаат со глобалните трендови во новинарството и производството на информативни содржини, но и практично да застанат од другата страна на екранот во улога на ТВ-репоретери.

cover 3 11 2020 5

Во текот на работилницата, студентите дознаа што продразбира концептот на „мобилно новинарство“, ги надградија вештините за пребарување и верификација на информации на интернет и научија како правилно да фотографираат.

cover 3 11 2020

Програмата се организира во рамки на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“, што го спроведува Албани асошиејтс (www.albanyassociates.com), заедно со регионални организации за развој на медиумите, меѓу кои и Македонскиот институт за медиуми. Проектот е финансиран од Британската влада.