Спроведена обука за користење Интернет платформи за промоција на граѓанскиот активизам

Вкупно 15 претставници од 9 граѓански организации учествуваа на обуката за користење Интернет платформи за промовирање на активностите и резултатите на граѓанските организации, што се одржа од 16 до 18 декември 2009 година во просториите на МИМ.

Целта на оваа обука беше граѓанските организации да се здобијат со напредни сознанија за процесите и практиките на онлајн медиумите денес, како и за современите алатки за приомовирање на работата на граѓанските организации и информирање на јавноста преку Интернет платформите. На обуката беа претставени основните практични мултимедијални алатки и најсоодветните начини на нивно користење, во функција на промовирање на активностите и резултатите на НВО-а, споделување на информацијата преку разни социјални платформи и други веб простори и градењето на дологорочно одржлив бренд на Интернет. Обуката ја спроведоа Зоран Ричлиев, Дарко Булдиоски и Петрит Сарачини, истакнати експерти од областа на новите медиуми.

Оваа обука е дел од Проектот за зајакнување на граѓанското општество, што го спроведува партнерскиот конзорциум предводен од ИТЗ, a во кој членуваат МИМ, Конект и Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ).