• +389 2 30 90 144
  • mim@mim.org.mk
  • Јуриј Гагарин 17-1/1 1000 Скопје, Р. Македонија
MIM
  • MK
  • EN
  • За МИМ
    • Цели и активности
    • Портфолио
      • Tековни проекти
      • Завршени проекти
    • Организациска структура
      • Управен одбор
      • МИМ тим
    • Извештаи
    • Партнери
    • Архива
  • Новости
  • Истражувања
  • Eдукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт
Истражувања
20/12/18

Анализа: Структурната положба на жените-новинари во медиумите во Македонија

Македонското законодавство ги интегрира сите меѓународни документи и препораки што гарантираат предуслови за родова и економска еднаквост на сите граѓани во различни  општествени сфери, вклучително и во медиумската. Сепак, практиката во изминативе децении покажува дека законските и стратешките документи, со кои се поттикнува принципот на еднакви можности и еднакво учество на жените и на мажите во креирањето на програмските концепти и содржини или соодветно портретирање преку медиумите на секое лице без оглед на неговиот пол, не се имплементираат соодветно.

Oва е само еден од заклучоците од анализата „Структураната положба на жените-новинари во медиумите во Македонија“, што ја подготви Македонскиот институт за медиуми, во рамки на проектот „#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера“. Проектот се спроведува со поддршка од Европската Унија.

Целта на истражувањето е да се утврди каква е структурната положба на жените во медиумите во Македонија, земајќи ја предвид нивната застапеност на разни нивоа во управувачките структури и во структурата на вработенoста во некои од највлијателните медиуми во Македонија, нивната образовна подготвеност, можностите за професионален развој, економската и безбедносната положба.

Истражувањето беше спроведено во периодот од мај до октомври 2018 година. За таа цел беа консултирани анализи, истражувања и податоци од релевантни меѓународни и домашни извори. Беа направени 13 интервјуа со новинари и со медиумски работници од влијателни редакции во Македонија, како и анкета што беше дистрибуирана до 10 медиуми, при што добивме одговор од осум. 

Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.

  • facebook
  • twitter
  • linkedin
  • pinterest
Download this file (Strukturanata polozba na zenite-novinari vo mediumite_fin.pdf)Структурната положба на жените-новинари во медиумите4746 kB

Актуелно

Повик за учество на едукативен хакатон

Новинарски награди „НИКОЛА МЛАДЕНОВ 2020“

Јавните кампањи во медиумите треба да се бесплатни

Креирана апликација за идентификување дезинформации

  • За нас
  • Цели и активности
  • Тековни проекти
  • Завршени проекти
  • Управен одбор
  • МИМ тим
  • Извештаи
  • Партнери
  • Архива
Aktiv.mk
  • Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции

    Попреченоста во медиумското известување – огледало на општествените перцепции

  • Се’ додека човек сонува, за него ништо не е изгубено

    Се’ додека човек сонува, за него ништо не е изгубено

  • Препораки на ниво на политики за подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумскиот простор

    Препораки на ниво на политики за подобрување на видливоста на лицата со попреченост во медиумскиот простор

  • Добрата и позитивна мисла е најдобар лек против болести, вели Трпко Дамјановски кој 25 години ѝ пркоси на дистрофијата

    Добрата и позитивна мисла е најдобар лек против болести, вели Трпко Дамјановски кој 25 години ѝ пркоси на дистрофијата

  • Во најакустично училиште во Југоисточна Европа учењето е како песна

    Во најакустично училиште во Југоисточна Европа учењето е како песна

Bezomrazno.mk
  • Говорот на омраза да се потисне со повеќе говор дека е неприфатлив

    Говорот на омраза да се потисне со повеќе говор дека е неприфатлив

  • „Само прашај“: Одгласот на онлајн говорот на омраза

    „Само прашај“: Одгласот на онлајн говорот на омраза

  • Говорот на омраза раѓа насилство

    Говорот на омраза раѓа насилство

  • Говор на омраза во основното училиште Ѓорѓи Сугарев во Битола

    Говор на омраза во основното училиште Ѓорѓи Сугарев во Битола

  • Повик за учесници – 5-тa Школа Против говор на омраза

    Повик за учесници – 5-тa Школа Против говор на омраза

  • За MИМ
  • Новости
  • Истражувања
  • Едукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт
© 2021 Македонски институт за медиуми.
  • Дома
  • За МИМ
    • Цели и активности
    • Портфолио
      • Tековни проекти
      • Завршени проекти
    • Организациска структура
      • Управен одбор
      • МИМ тим
    • Извештаи
    • Партнери
    • Архива
  • Новости
  • Истражувања
  • Eдукација
  • Активизам
  • Публикации
  • Видеа
  • Галерија
  • Контакт