Говорот на омраза во Р. С. Македонија е во пораст во 2020 и 2021 година, особено на интернет. Регулаторната рамка што се однесува на говорот на омраза опфаќа одредби во неколку закони, но и телото за саморегулација во медиумите исто така е надлежно да реагира во вакви случаи. Прашањето за дезинформациите не е законски регулирано, туку е во надлежност на саморегулацијата и на сервисите за проверка на факти.
Овој документ претставува преглед на основните правни и саморегулаторни механизми што се однесуваат на овие теми, како дел од проектот „Отпор: Граѓанското општество за медиуми без говор на омраза и дезинформации“.
Документот е достапен во прилог.
Регулаторна и саморегулаторна рамка за справување со говорот на омраза406.28 KB