Извештај „Потребен е независен модел на медиумски субвенции за домашно производство“

Се чита за 0 мин.

Филмските и документарните програми од домашно производство се вистинска реткост на домашните телевизии, за разлика од евтините серии кои моментално доминираат на ТВ екраните. Комерцијалните ТВ станици и јавниот радиодифузен сервис МРТ од 2014 година имаат законска обврска да произведуваат и емитуваат домашна филмска и документарна програма, за која Владата обезбедува финансиска поддршка во висина од 50 отсто од вкупните трошоци за продукција.

Од оваа мерка се очекува да се зголеми квалитетот и квантитетот на домашната документарна и филмска продукција, област која инаку е непривлечна за сопствениците на медиумите поради својата комплексност и високите трошоци.

Медиумската индустрија и медиумските граѓански организации имаат поделени ставови во однос на субвенционирањето на домашна продукција. Телевизиските куќи и продуцентите ентузијастички ја прифатија оваа владина мерка, гледајќи во неа можност за развој на квалитетна домашна продукција. Додека, медиумските здруженија сметаат дека ваквата финансиска поддршка може дополнително да ја засили владината контрола врз уредувачката политика и медиумската содржина.

Ова се само дел од наодите од мониторингот на имплементацијата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Македонија, спроведен од страна на Македонскиот институт за медиуми, а во рамки на проектот „Медиумска опсерваторија на Југоисточна Европа“.

Целосниот извештај „Потребен е независен модел на медиумски субвенции за домашно производство“, заедно со клучните заклучоци и препораки е прикачен во продолжение:

pdfИзвештај - Потребен е независен модел на медиумски субвенции за домашно производ317.75 KB