Кон медиумска политика во служба на јавноста

Се чита за 0 мин.

Медиумската криза што имаше сериозно влијание врз земјите на Југоисточна Европа е всушност криза на новинарството и на демократијата. Дводецениската нетранспарентна и политички предводена приватизација, со мали медиумски пазари заплеткани во клиентелистички мрежи и со државни пари како главен директен или индиректен извор на приходи за поголемиот дел од медиумите, резултираше со уништување на јавниот комуникациски простор до таа мера што радикалните медиумски реформи станаа неодложен приоритет.

Доколку медиумите не ја исполнуваат својата задача – заштита на јавниот интерес во процесот на комуникација со јавноста – и доколку тие не успеат во улогата на чувари на демократијата, тогаш демократијата не претставува владеење во интерес на сите, туку само во интерес на оние што можат да си го дозволат тоа. Корумпираните медиуми означуваат смртна казна за демократијата. Новинарството што не го заштитува јавниот интерес е најдеструктивната форма на приватизирање на слободата на изразување.

Ова е само дел од Манифестот „Кон медиумска политика во служба на јавноста“ усвоен на завршната конференција на Медиумската опсерваторија на југоисточна Европа. Целосниот документ, заедно со барањата на медиумската заедница од регионот, е достапен во подолжение:

pdfМанифест: Кон медиумска политика во служба на јавноста148.82 KB